Википедија:Огласна табла за администратори: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 2003:6B:D65:62E8:E03E:3EC1:9409:ECD6 (разговор), вратено на послед...
Tropcho (разговор | придонеси)
Ред 289:
 
Во врска со казната, гледам дека сите едногласно се согласуваат корисникот да биде блокиран, а со предлозите се оди дотаму да биде блокиран дури и трајно. Сега за сега, ќе земам да го блокирам со времетраење од една година и мислам дека ова треба да биде последно пред трајно блокирање. Не сум админситратор кој сака да им оневозможува на корисниците да уредуваат на Википедија, но секое трпение си има свои граници.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 22:36, 19 март 2015 (CET)
 
== ултранационалистичка пропаганда на Википедија на македонски ==
 
Вчера администраторот [[Корисник:Ehrlich91|Ehrlich91]] го [https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Цар_Самоил&diff=prev&oldid=3531749 отповика] едно мое уредување на статијата за царот Самуил и ме блокира за два часа (со објаснување "бугарска пропаганда"), иако уредувањето беше поткрепено со веродостојни извори (од Oxford University Press, Cambridge University Press, University of Michigan Press и сл.) и на практика слабо се разликува од уводот на статијата за Самуил на англиската Википедија. Ова беше злоупотреба со административни привилегии од страна на Ehrlich91.
 
За многубројните проблеми со националистичката пропаганда во статијата за Самуил на Википедија на македонски сум пишал веќе повеќе пати (например [[Википедија:Кандидати_за_избрана_статија/Цар_Самоил|тука]] и [[Разговор:Цар_Самоил|тука]]), а корисникот Ehrlich91 и порано е користил административни инструменти за да ја блокира работата по статијата (пример: [https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Цар_Самоил&diff=3288740&oldid=3288629 ноември 2014]).
 
Накратко кажано, статијата ја претставува водечката гледна точка (дека Самуил бил цар на [[Прво бугарско царство|Бугарија]]) како маргинална, а истовремено ја претставува маргиналната, ултранационалистичка гледна точка како водечка. Ова е нарушување на правилото за [[ВП:НГТ|неутрална гледна точка]].
 
Во врска со тие настани, сакам да прашам следното:
 
Имаат ли администраторите на македонската Википедија волја за борба со ултранационалистичките ставови?
 
Или е таа конечно киднапирана и платформата на Википедија се користи за ширење на ваква ултранационалистичка пропаганда (како во одобрената од Ehrlich91 верзија на статијата) со дозвола и поддршка на администраторите и покрај правилата на Википедија?
 
Има ли овде администратор којшто ги почитува правилата на Википедија и сака да интервенира? [[User:Tropcho|Tropcho]] <small>([[User talk:Tropcho|разговор]])</small> 16:42, 3 октомври 2016 (CEST)