Фолклор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 89.205.77.144 (разговор), вратено на последната верзија на Ehrlich91
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
Етнопоетиката е поетичко движење и претставува еден под-вид на лингвистиката и антропологијата.Како термин беше воведена од '''Џером Ротенберг''' во соработка со '''Џорџ Каша''' во 1968 година ,коа Каша го замолил Ротенберг да создаде термин што ќе ги вклучива етното и поетиката според моделот на „етномузикологија“ за потребите на ''Stony Brook Magazine'',магазинот на Каша каде што и Ротенберг станал уредник на Етнопоетиката.Овие две основни идеи ,и подоцна двете основни употреби на терминот се поврзани преку работата на поетите Џером Ротенберг и '''Денис Тедлок''' кој бил помошник-уредник во списанието '''''Alcheringa'''''.Тедлок ја дефинитра етнопоетиката како „ексцентрична поетика, обид да се слушне и прочита поезијата на други луѓе надвор од рамките на Западната традиција за која знаевме до сега“.
=== '''НАРОДНА/ФОЛКЛОРНА МУЗИКА''' ===
Поимот народна музика потекнува од 19 век ккао термин за музички фолклор.Таа се дефинира на неколку начини: музика пренесена усно, музика на пониските класи,музика од непознат изведувач.Таа е спротивност на класичната и на комерцијалната музика.Кон средината на 20-от век оваа музика била искористена за да опише еден вид на популарна музика која е базирана на традиционална музика.Под-жанри на оваа музика се : фолк рок , електро фолк, фолк метал, и прогресив фолк музика. Термините народна музика,народен танц и народна песна се употребуваат од неодамна.Тие се како надополнување на зборот фолклор,кој е создаден во 1846 од англискиот антиквар '''Вилијам Томс''' со цел да ги појасни традициите,обичаите,и суеверијата на некултивираните класи.Поимот исто така потекнува од германскиот збор ''Volk'' во смисла „народот,како целина“ кое најдобро е отсликано во песните на '''Јохан Готфрид Хердер''' и од германските романтичари од минатиот век.Литературниот аспект за баладите не е ништо ново,тој потекнува од времето на '''Томас Перси''' и '''Вилијам Вотсворд''' .Англиските Елизабетски и Стјуартови копозитори ( се мисли на англискиот композитор Лесли Стјуарт и периодот на владеењето на [[Елизабета I]]) многу често ги црпеле своите идеи за музика од народните теми, а класичната свита е основана на стилските народни танци каде што е забележана и употребата на народните звуци на '''Франц Јозеф ХејденХејдн''' .Но појавата на поимот „народен/фолк“ се поклопува со „изливот на националното чувство низ цела Европа“ што е особено силно на краевите на Европа , каде што најмногу доаѓа до израз националниот идентитет.Народните композитори се појавуваат во Источна Европа,Русија,Скандинавија,Шпанија и Британија: музиката на '''Дворак Dvorak, Сметана Smetana, [[Григ]] , Римски-Корсаков,Брамс,Лист, Де Фаља,Вагнер,Себелиј, Вон Вилијамс, Барток''' и на многу други изникна од народните звуци.Англискиот поим „фолклор“, кој ги опишува традиционалниот танц и музика, се всади во речниците на многу континентални Европски народи, каде што секој од нив имаше сопствени собирачи на народни песни и пренесувачи.
Меѓутоа, и покрај многуте собрани материјали низ повеќе од два века,сеуште нема конкретна дефиниција за тоа што претставува народната музика(фолклорот или фолкот).Фолк музиката има одредени карактеристики но не може конкретно да се определи преку чисто музички поими.Едно од значењата е тоа кое укажува на „стари песни,без познат изведувач“,а друго значење е дека музиката подлежи на еволуциски „процес на усно пренесување..модернизирањето и повторното модернизирање на музиката од страна на општеството што го дава фолк-карактерот на музиката“.Таквите дефиниции повеќе зависат од некои (културни) процеси, отколку од апстрактните музички видови.Според Сколс,како и според '''Сесил Шарп''' и '''Бела Барток''',во „селската“музика има нешто што во „градската“музика го нема.Фолк музиката веќе беше гледана како автентичен израз на начинот на живот кој веќе скоро изумира ( или во некои случаи се зачувува преку повторно оживување),особено во опшетсво во кое нема влијание од уметничка музика или од комерцијални песни.Лојд сметал дека песните се разликуваат според економските класи и според него премногу фолк музика е,како што рекол и '''Чарлс Сигер''' ,поврзана со пониските класи во општества кои се културно и социјално повеќеслојни,со други зборови,кои имаат елитна или можеби и популарна музичка култура.Според тоа,фолк музиката може да се смета за дел од „шема која се состои од четири музички видови:примитивен или племенски ,елитен или уметнички,фолк и популарен“.
Мислењата на пренесувачите се разликуваат во поглед на корените на фолк музиката : според некои ,таа е уметничка музика која е изменета и обезвреднета со усното пренесување, а според други таа е одраз на карактерот на народот кој ја создава.Самиот натпревар помеѓу индивидуалниот и колективниот збир на теории од една страна поставува разлика меѓу разграничувањето и поврзаноста на фолк музиката со музиката од племенските општества а од друга страна поставува разграничување и поврзаност на фолк музката со уметничката музика.Традиционалните култури кои не се потпираат на напишана музика или кои имаат помало општествено раслојување не можат лесно да се категоризираат.Во изобилството на популарни музички жанрови, дел од музиката била категоризирана како „Светска музика“(популарна музикка од сите предели на светот) и „Музика од корените“(стара изворна музика на еден народ).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Фолклор