Кајмакчалан: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с спорен е податокот
Ред 6:
 
==Знаменитости==
За време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]], на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу [[Бугарска армија|бугарската армија]], од една страна, и [[Француска армија|француската]] и [[Српска армија|српската војска]], од друга страна, како дел од [[Македонски фронт|Македонскиот фронт]]. Притоа, само во периодот од 12 до [[30 септември]] [[1916]] година, во жестоките борби на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на [[Македонци]] од месното население во [[Мариово]] и од цела [[Македонија]]. Во спомен на овој настан, на црквата „[[Св. Илија]]“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот [[Александар I Караѓорѓевиќ]]. До пред некое време, во [[Црква (објект)|црквата]], во посебна урна, се наоѓало [[Срце|срцето]] на швајцарскиот [[Форензика|форензичар]], публицист и професор, Арчибалд Рајс.<ref>Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, ''Економија и бизнис'', година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92-93.</ref>
 
== Наводи ==