Галилео Галилеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 10:
Како момче, Галилеј сакал да замине во манастир, но татко му го уверил да студира медицина. Го посетувал Универзитетот во [[Пиза]]. Галилеј не се стекнал со титула на лекар туку, наместо тоа, сето време го минувал проучувајќи [[математика]]. Подоцна поучувал математика и станал професор по тој предмет на Универзитетот во [[Пиза]]. <ref name="a">Општа наука (Енциклопедија за секое семејство и дом) – Младинска книга Скопје. Главен уредник Адам Харт-Дејвис.</ref>
Додека бил на универзитетот, Галилеј експериментирал со нишала, го проучувал паѓањето на предметите и и се посветил на [[Астрономија|астрономијата]]. Седејќи во катедралата, забележал голема бронзена светилка што се ниша на синџир поради провевот. Го измерил нишањето според својот пулс и се изненадил што секој замав трае исто, без оглед дали светилката се нишала неколку сантиметри или многу повеќе. Увидувајќи дека нишалото е правилен природен показател на времето, открил мал пулсиметар, а пред крајот на животот конструирал и часовник со нишало.<ref name="a"/>
Во 1592г. Галилеј се преселил на север, во [[Падова]], каде што почнал долгогодишна врска со Марина Гамба. Тие никогаш не се венчале, но имале три деца. нивните две ќерки биле испратени во [[манастир]], а синот Винченцо бил себичен и често го доведувал во неволја својот татко.<ref name="a"/>
[[Језуити|Језуитите]] во [[Рим]] биле одушевени кога Галилеј им ги покажал сателитите на [[Јупитер]]; топло го пречекале кардиналите, па дури и папата. но врз основа на овие сателити Галилеј почнал да застапува мислење дека [[Сонцето]] е во центарот на вселената, што во 1543 г. го тврдел и [[Коперник]]. Тоа значело дека [[Земјата]] со сигурност се врти околу [[Сонцето]], што дирекно се судрило со [[Библијата]]. инквизицијата во [[Рим]] го осудила Галилеј на доживотен затвор, иако казната подоцна била сменета во постојан домашен притвор во неговата вила во Арчетри. Умрел во 1642г., а папата [[Јован Павле II]] го помилувал во 1992г., полни 359 години по казната за ерес.<ref name="a"/>
 
Во [[јуни]] [[2010]] година, Музејот на историјата на науката во [[Фиренца]], на една [[аукција]], ги купил [[Прст|палецот]] и средниот прст на Галилеј. Прстите, заедно со еден [[заб]] и дел од [[пршлен]]ите, биле исечени кога трупот на Галилеј бил префрлен од еден во друг [[гроб]], во [[1737]] година.<ref>„Окото на Ајнштајн и средниот прст на Галилеј се чуваат како музејски експонати“, ''Дневник'', година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 22-23.</ref>
 
==Експериментите на Галилеј==