Наполеон Бонапарт: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Причина за смрт: дополнување
Ред 112:
 
Во мај [[2005]] година, тим од швајцарски лекари тврделе дека причина за смртта на Наполеон бил рак во стомакот, која е истата причина за смртта и на неговиот татко. Неколку судски извештаи тврделе дека Наполеон пред да умре тежел 76 килограми, а година порано тој тежел отприлика 91 килограм, потврдувајќи го резултатот на аутопсијата на Анто Марки. Тим од лекари од универзитетот Монт-тер-Спертоли, предводени од професор Вионди, ги потврдиле овие претпоставки. Во октомври 2005 година, се појавува ненадејно документ во Шкотска кој претставува документ за аутопсија, кој повторно го потврдува Анто Марки. Поскорашните анализи од етимологија и патологија, тврдат дека болеста на Наполеон била рак на [[желудник]]от.
 
Во [[1821]] година, еден англиски патолог, кој работел на обдукцијата на телото на Наполеон, му го отсекол [[пенис]]от и оттогаш тој променил неколку сопственици: најпрвин, во [[19 век]] бил сопственост на некој италијански [[свештеник]], потоа преминал кај еден лондонски продавач на [[Книга|книги]], а од [[1969]] година се наоѓа во приватната збирка на еден американски [[Урологија|уролог]], кој за пенисот платил 2.900 [[долар]]и. Тој го чувал пенисот во куфер под својот кревет сè до [[смрт]]та во [[2007]] година, а подоцна пенисот му бил продаден на аукција на колекционер од [[Аргентина]].<ref>„Окото на Ајнштајн и средниот прст на Галилеј се чуваат како музејски експонати“, ''Дневник'', година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 22-23.</ref>
 
== Наследство ==