Разлика помеѓу преработките на „Фолксваген“

Додадени 1.740 бајти ,  пред 5 години
дополнување
с (Отстрането уредувањето на 46.217.163.130 (разговор), вратено на последната верзија на ГП)
(дополнување)
Групацијата „Фолксваген“ поседува вкупно 119 производствени погони во 20 земји во [[Европа]] и во 11 земји во [[Северна Америка]], [[Јужна Америка]], [[Азија]] и [[Африка]], а вкупниот број вработени изнесува 592.586.<ref>Тереза Серафимова, „Дали сте подготвени за иднината? Нови компетенции за новото лидерство“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 208, октомври 2015, стр. 36-38.</ref>
 
==Аферата „Дизелгејт“==
Во [[септември]] [[2015]] година во јавноста избил скандал со кој било откриено дека „Фолксваген“ употребувал специјален [[софтвер]] со цел да прикаже помало загадување на возилата што користат [[Дизел гориво|дизел]]-гориво. Како последица на тоа, во [[октомври]] Американската [[Федерална комисија за трговија]] започнала истрага за случајот при што „Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи околу 500.000 [[автомобил]]и во [[САД]], кои биле опремени со софтверот за манипулација со штетните [[гас]]ови. Исто така, по скандалот, фирмата ја забележала најголемата загуба во својата историја. Во продолжение, есента 2016 година, над 5.500 мали и над 1.100 големи [[Акционерско друштво|акционери]] ја тужеле фирмата во судот во [[Брауншвајг]], барајќи отштета во висина од 8,2 милијарди [[Евро|евра]].<ref>„Инвеститори поднесоа тужби против „Фолксваген“ во износ од 8,2 милијарди евра“, ''Дневник'', година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 10.</ref>
== Наводи ==
{{наводи}}