Комет (програмирање): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Поправа пренасочувања
BotNinja (разговор | придонеси)
с викилинк форматирање: [a|ab] → [a]b
Ред 3:
== Која е потребата за оваа техника ==
 
Вообичаено, [[веб страница|веб-страницата]] се испраќа до клиентот само кога клиентот истата ќе ја побара. За секое барање на клиентот, [[веб прелистувач|прелистувачот]] иницира [[Протокол за пренос на хипертекст|HTTP]] воспоставување на врска со [[веб опслужувач|веб опслужувачот]]от, веб опслужувачот ги враќа бараните податоци после што врската се прекинува. Прикажаната страница ќе биде освежена само доколку корисникот експлицитно не побара тоа да биде направено, или пак премине на друга страница. Пренесувањето на целата страница може да одземе многу време, така што освежувањето може да предизвика одредена латенција.
 
За да се надмине овој проблем може да се користиме со [[AJAX]] технологијата, која овозможува да се освежат само одредени делови од веб-страницата. На овој начин се намалува количината на податоци која треба да се пренесе, а исто така се намалува и латенцијата. Од другата страна се намалува оптовареноста на веб-опслужувачот и се зголемува неговата брзина на одговор. Со користење на асинхрон пренос на податоци во позадина, може да се зголеми уште повеќе брзината на веб-апликацијата.