Машка кошаркарска репрезентација на Канада: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Gorjan (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Gorjan (разговор | придонеси)
Ред 49:
'''Канадската кошаркарска репрезентација''' ја претставува [[Канада]] во спортот [[кошарка]] и е исто така позната како „Тим Канада“. Оваа е една од репрезентациите под покровителство на [[Канада Баскетбол]], канадската кошаркарска федерација. Најголем успех на репрезентацијата е освојувањето на второто место на ЛОИ во далечната 1936, а во понови времиња, под најдобриот канадски кошаркар на сите времиња, [[Стив Неш]], учеството и освојувањето на седмото место на ЛОИ во [[Сиднеј]] во 2000. Канадската репрезентација поминува низ период од транзиција на почетокот на новиот век, но со време, младите играчи добиваат неопходно искуство. Лидер на младиот канадски тим од 2007ма се до денес е [[Семјуел Даламберт]] од [[Филаделфија Севентисиксерс]] од [[НБА]].
 
===[[ФИБА]] Квалификации за [[Кошарка на Летните олимписки игри - 2008 |ЛОИ 2008]] оддржани во [[Атина]]===
Канада се извлече од фазата на групи, со минимална победа од 78-76 над [[Јужна Кореа]], со кам-бек во последните минути. Во четврт-феналето, се сретна со [[Кошаркарска репрезентација на Хрватска|Хрватска]], и беше убедливо поразена од Хрватите, кои се пласираја и на самите [[Летни Олимписки Игри]]. На мечот против [[Јужна Кореа]] и против [[Кошаркарска репрезентација на Хрватска|Хрватска]], тренерот [[Лио Ројтинс]] го имаше суспендирано неговиот најдобар играч [[Семјуел Деламберт]], запечатувајки ја судбината на Канаѓаните, кои беа ослабени со неиграњето на [[Стив Неш]], [[Џамал Меглор]] и суспендираниот [[Денхам Браун]]. Извршниот одбор на репрезентацијата одлучи во иднина да самите селектираат репрезентативци, и тренер кој ќе ги води за тој одреден циклус, место тренер/селектор со полно работно време.
 
==Селекција==