Народна музика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
<!---->Поимот „народна музика“ е генерички поим кој се однесува на музичкиот фолклор на било кој народ (или народност). Затоа оваа страница е мануелно преместена (нема пренасочување) на страницата [[Македонска народна музика]]<!---->
{{Внимание}}
Македонска народна музика
 
Наспроти уметничката (учена) музика, поставена е таканаречената народна (неучената) музика или музички фолклор. Народната музика се пренесува од колено на колено по пат на усно предание. Во Македонија постојат голем број народни песни и игри кои го одразуваат животот, работата и обичаите на луѓето кои живеат во неа. Голем дел од оваа музика има свои карактеристични национални белези.
 
Македонската народна музика претставува синтеза на она што македонскиот народ го понел од својата прататковина и она што го наследил од денешната своја татковина и од пошироката средина. Затоа во неа се среќаваат антички (римски и грчки) елементи, како што се на пр. [[русалиите]] во Гевгелиско, потоа [[византиски]] (влијание врз духовната музика), [[ориентални]] (состави на чалгаџии и зурли) и западноевропски влијанија ([[староградски песни]]).
 
Според содржината и кореографијата нашите народни игри и песни можат да бидат [[обредни]] и [[световни]]. Од обредните игри ќе ги наброиме: [[додолските]], [[коледарските]], [[русалиските]] и др. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ како што се: [[борбените]], [[свадбарските]], [[жетварските]], [[хумористичните]], [[љубовните]] и др. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето.
 
Македонските [[Македонски ора|народни игри]] имаат свои карактеристики кои се манифестираат во разнообразието и богатството на движењата и ставовите во играњето. Мелодијата во нашите народни игри се темели врз куса, ритмички впечатлива и изразена музичка основа, наменета за играње. Во нив се застапени два вида тактови: прости, дводелни и триделни (2/4, 3/4 или 2/8, 3/8 и др.) и сложени. Сложените можат да бидат еднакво сложени, составени од два истоимени прости такта ( 2 + 2/4 = 4/4 или 3 + 3/4 = 6/4) или мешано сложени, составени од два различни прости такта (2 + 3/8 = 5/8 или 3 +2 + 2/8 = 7/8).
 
Македонските неродни песни претставуваат непресушен извор на инспирација за нашите композитори. Голем број нивни дела се базираат врз мелоритмичките карактеристики на народните игри
 
[[Категорија:Музика]]