Разлика помеѓу преработките на „Цевчести црви“

Додадени 53 бајти ,  пред 12 години
нема опис на уредувањето
Поткласа [[Diplogasteria]]

[[Слика:Nematoda-Anatomy.svg|мини|десно|120п|СхемаШематски анатомијеприказ мужјакана анатомијата на мажјак од ''Ascaris sp.'':
'''1.''' уста
'''2.''' црево
'''3.''' клоака
'''4.''' екскреторни органи
'''5.''' [[тестис]]
'''6.''' околуголточен нервен прстен
'''7.''' грбна (дорзална) нервна врвка
'''8.''' стомачна (вентрална) нервна врвка
'''9.''' екскреторна пора.]]
'''Цевчестите црви''' (или '''кружни црви''', односно '''Nematoda''') се голем тип на [[животни]] со илјадници видови. Овие црви некогаш се класифицирале во многу голема и хетерогена група на животни, групирани врз база на нивната црвовидна форма, едноставната структура на телесната празнина (наречена [[псевдоцелом]]) и отсуството на некои други карактеристики, како [[Цилија|цилии]] и добро дефиниран главен регион (глава). Оваа група, порано позната како ''Aschelminthes'' или ''Pseudocoelomata'', денес не е признаена како природна. Мошне е веројатно дека едноставниот план на градба на телото кај овие [[Организам|организми]] резултирал од редукцијата и упростувањето на повеќе од една група на предци. Едноставноста на градбата е резултат на секундарно упростување на покомплексен телесен дизајн. Поновите студии индицираат дека нематодите се всушност поврзани со [[членконоги]]те и приапулидите во една релативно нова група - [[екдисозоа]].

[[Image:CrawlingCelegans.gif|thumb|left|Движење на слободниот цевчест црв ''Caenorhabdites elegans'']]
[[Image:Ascaris lumbricoides.jpeg|frame|лево|150px|[[''Ascaris lumbricoides']], вид на цевчест црв кој паразитира во цревата на човекот.]]

Телото на цевчестите црви е долго и тенко, а понекогаш може да биде и во вид на конец. Токму од оваа особина доаѓа и името на овие животни - зборот "нематода" доаѓа од [[Грчки јазик|грчкиот]] збор ''nema'' што значи "конец". [[Епидермис]]от ([[кожа]]та) на нематодата е многу необичен; тој не се состои од [[Клетка|клетки]] како кај другите животни, туку од маса на клеточен материјал и [[Клеточно јадро|јадра]] без [[јадрена мембрана]]. Тој секретира тенка надворешна [[кутикула]] која е жилава и флексибилна. Кутикулата е карактеристика која ја делат нематодите со членконогите и другите екдисозои. Како и кај другите групи животни со кутикула, така и кај цевчестите црви таа се слекува за време на животот на единката, обично четири пати пред таа да го достигне адултниот стадиум. Кутикулата е најблиската обвивка која [[Кружни црви|кружните црви]] ја поседуваат до скелетот, и всушност црвот ја користи својата кутикула како поддршка и лост при [[движење]]то. Долгите [[мускул]]и лежат под епидермисот. Тие се наредени лонгитудинално низ внатрешноста на телото, така што нематодата може само да го совива своето тело од една на друга страна, а не да ползи или да се подигнува.

== Криптобиоза ==

[[Image:Ascaris lumbricoides.jpeg|frame|лево|150px|[[''Ascaris lumbricoides']], вид на цевчест црв кој паразитира во цревата на човекот.]]

Многу нематоди се способни да ги суспендираат своите животни процеси кога условите на животната средина станваат неповолни; во овие отпорни стадиуми тие можат да преживеат екстремно сушење, топлина или студ, а дури потоа да се вратат во живот кога повторно ќе настапат поволни услови. Ова е познато како [[криптобиоза]] и е карактеристика која цевчестите црви ја делат со [[ротифери]]те и [[тврдокрилци]]те.