Елизабета Боуз-Лајон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 92:
Во февруари 1964 година имала проблем со слепото црево што довело до одложување на планирата турнеја во Австралија, Нов Зеланд и Фиџи сè до 1966 година. Закрепнала за време на крстарењето на Карибите на кралската јахта [[Британија]]. Во декември 1966 година и била извршена операција за отстранување на тумор откако ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево. Спротивно од озборувањата, таа немала [[колостома]]. Во 1982 година била пренесена во болница кога рибина коска ѝ се заглавила во грлото и ѝ била извршена операција за да ја извадат. Како добар [[риболовец]] се пошегувала „ лососот си го чува грбот“.
Во 1984 година подлегнала на втора операција за отстрануање на туморот на градата и втора гастрична опструкција во 1986 година без потреба за операција, но била хоспитализирана во текот на ноќта.
Во 1975 година го посетила Иран на покана од шахот [[Чах Реза ПахлавиПахлеви]]. Британскиот амбасадор и неговата сопруга, Антониј и Чила Парсонс, забележале колку Иранците биле збунети од нејзината навика да зборува со сите без разлика на нивниот статус или важност и се надевале дека придружбата на Чах од оваа посета ќе научи да посветува повеќе внимание на обичните луѓе. Четири години подоцна Чах бил [[симнат од власт]]. Помеѓу 1976 и 1984 година кралицата направила годишна летна посета во Франција, една меѓу останатите 22 приватни патувања во континентална Европа помеѓу 1963 година и 1992 година.
Пред бракот на [[леди Дајана Спенсер]] со нејзиниот внук, [[принцот Чарлс]] и по смртта на Дајана, кралицата Елизабета - позната по нејзиниот личен и јавен шарм- била далеку најпопуларниот член од [[кралското семејство]]. Нејзиниот заштитен фустан со нагоре свртена шапка со мрежа и фустани со дипли од материјал, станал нејзин препознатлив личен стил.
===Стогодишна кралица===