Разлика помеѓу преработките на „Лав III Сириец“

с
===Стабилизација===
 
По прогласувањето на Лав за цар на Византија бил ставен крајот на периодот од историјата на Византија познат како [[Дваесетгодишна анархија]], кој бил исполнет со голем број на меѓусебни конфликти и нестабилност во империјата. Лав III го ставил почетокот на Сириската династија, која со земјата управувала до 802 година.
 
Во 718 година бил задушен бунтот во Сицилија, а во 719 година бил спречен обидот на поранешниот царот Анастасиј II да се врати на престолот. Во управувањето на Лав III империјата доживеала нов период на политичка стабилизација, постигнувајќи успеси во војните со Арапите. Во текот на неговото владеење биле склучени договори и сојузи со Бугарите, Хазарите и Грузијците против Арапскиот калифат. Биле привлечени словенски доселеници во сосема пусти погранични области на империјата.