Версај (град): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 37:
Версај повторно станал неофицијален главен град на Франција од март 1871г. (кога француската влада наоѓа засолниште во Версај, поради востанието во Париз) па се до ноември 1879г. (кога новоизбраните леви републиканци ги релоцираат владата и парламентот во Париз).
 
Версај станал центар на департментот [[Сена]] и Оизе во март 1790г. (кога се оформил, имал приближно 100.400 жители). До 1960г., со проширувањето на предградијата на Париз, департментот Сена и Оизе достигнал 3 милиони жители и станал преголем и било невозможно да се управува, па затоа во јануари 1968 поделен е на три департмента. Версај станува центар на департментот Ивелин, најголемиот дел од департментот Сена и Оизе. Според пребројувањето на населението во 1999г. департментот Ивелин имал 1.354.304305 жители.
 
Версај е седиште на Римо-католичката [[епархија]] која е основана во 1790г..
Ред 64:
 
===[[Луј XIII]]===
[[Податотека:Louis XIIIval grace.jpg|thumb|250px|right|Луј XIII |врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Louis_XIIIval_grace.jpg]]
 
Од тогаш Версај станал сопственост на фамилијата Гонди, богати и влијателни парламентарци во Париз. Неколку пати во текот на првата декада на XVII век, семејството Гонди го канеле кралот Луј XIII на лов во пространите шуми на Версај. Во 1622 г. кралот станал сопственик на дел од шумите за негова лична употреба. Во 1624 г. купил земја и му наредил на Филиберт Ле Рој да изгради мал " џентлменски замок" за ловење, од камен и црвени тули со темносив покрив.
Ред 74:
Старото село и црквата Свети Жулиен биле урнати, за да се направи место за нови згради за сместување на управните служби кои го водат дневниот ред во замокот. Од двете страни на париската авенија биле изградени квартовите Нотрдам и Свети Луј, со нови големи цркви, пазари, аристократски куќи, изградени во хармоничен стил според моделите на видни француски архитекти. Малку по малку сите оние кои сакале или морале да живеат блиску до политичката власт се преселувале во Версај. Со смртта на „Кралот Сонце“ во 1715 г. селото Версај прераснало во град со приближно 30 000 жители.
 
[[Податотека:Map of Versailles in 1789 by William R Shepherd (died 1934).jpg|thumb|300px|right|Версај во 1789г.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Map_of_Versailles_in_1789_by_William_R_Shepherd_%28died_1934%29.jpg]]
===[[Луј XV]] и [[Луј XVI]]===
Кога кралското семејство на Луј XV се вратило во Версај во 1722 г, градот имал 24 000 жители.Со управувањето на Луј XV, Версај се зголемил уште повеќе. Версај бил престолнина на најмоќното кралство во Европа, и цела Европа ги прифатила новите трендови во архитектурата и дизајнот кои доаѓале од Версај. Набргу, строгите правила за градењето, поставени од Луј XIV почнале да не се почитуваат, и повеќето од работите, коишто крал Луј XIV ги давал бесплатно сега биле продавани по високи цени. Во 1744 г. во Версај живееле 37 000 граѓани. Изгледот на градот значително се променил во времето на кралевите Луј XV и Луј XVI. Зградите станале повисоки.. Кралот Луј XV основал Воено министерство и Министерство за внатрешни работи (кадешто во 1783 г. со Велика Британија бил подпишан Договорот од Париз, ставајќи крај на Американска војна за независиност) и Морско-воено министерство. До 1789 г. бројот на жители во Версај достигнало 60 000 жители <ref>(French) La Grande Encyclopédie (1902). "Volume 31 (on page 882)". http://gallica.bnf.fr/document?O=N024666. Retrieved 2007-06-20.</ref> и градот станал седми или осми најголем град во Франција и еден од најголемите во цела Европа.