Хасан Приштина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
== Биографија ==
=== Рани години ===
Хасан бег Приштина потекнува од богато земјоделско семејство. Изучувал право во [[Истанбул]]. По [[Младотурската револуција]] од [[1908]] година е избран за пратеник во Османлискиот парламент. Приближно во тоа време го менува семејното презиме од Бериша во Приштина и ја додава кон своето презиметопрезиме титулата „бег“.
 
По [[Албанско востание од 1910 година|Албанското востание од 1910 година]] Хасан бег Приштина станува пратеник во Османлискиот парламент. Во [[1912]] година е раководител на [[Албанско востание од 1912 година|Албанското востание од 1912 година]], за време на кое нуди создавањето на албанско-македонска држава во Македонија,<ref>[http://www.albanianhistory.net/texts20_2/AH1921_3.html 1921 Hasan Bey Prishtina: ''Brief Memoir on the Albanian Uprising of 1912'']</ref> поддржан од британскиот конзул во [[Скопје]]. За време на [[Првата балканска војна]] Хасан бег се обидува да ја спречи поделбата на териториите населени од албанското население помеѓу [[Црна Гора]], [[Србија]] и [[Грција]].
 
=== Албанска независност и Прва Светскасветска војна ===
Со објавувањето на албанската независност Хасан бег Приштина ја поддржува првата влада на [[Исмаил Ќемали]], чија власт се протегала до [[Елбасан]]. Во [[1913]] година добива за кратко време министерска должност, која реално не можел да ја извршува.
 
На [[17 мај]] [[1914]] година добива министерска должност од албанскиот кнез [[Вилхелм Вид]]. Избувнувањето на [[Првата светска војна]] довела до привремено исчезнување на Албанија од политичката карта на Европа. Поголемиот дел од војната Хасан бег го поминува во [[Италија]].
 
=== Политичка кариера ===
На крајот на војната околу него се формира движење кое се противи на враќањевраќањето на Косово кон [[Србија]]. Во октомври [[1919]] година Хасан бег заедно со косовската делегација го посетува [[Париз]] со мисија да бара обединување на [[Косово]] и [[Албанија]]. Делегацијата не е примена и сослушана од речиси никого.
 
Во [[1920]] година учествува на конгресот во [[Лушње]] вона кој учествуваат богатитебогати и авторитетни Албанци и има за цел изградба на силна повоена албанска влада. Во април [[1921]] година е избран од регионот [[Дебар]] во албанскиот парламент. Застапува политика за поддршка на косовските албански бунтовници. Бил политички противник на [[Ахмед Зогу]], кој ја имаимал поддршката на [[Кралство на Србите, Хрватите и Словенците|Кралството на Србите, Хрватите и Словенците]]. Истата година Приштина склучува договор со претставниците на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] [[Павел Христов]] и [[Александар Протогеров]] за заедничка борба против српската власт во Вардарска Македонија и Косово, според кој Албанија треба да го добие Новопазарскиот санџак и Косово, а Македонија да стане независна држава, додека Дебарскиот санџак бил спорен.
 
На [[7 декември]] [[1921]] година Хасан бег Приштина е избран за премиер. Тој останал на оваа функција само неколку дена. Причина е интервенцијата на Ахмед Зогу, кој е принуден да ги отстрани косовските Албанци националисти од парламентот и владата за да избегне судир со Југославија.
Ред 33:
 
=== Егзил и смрт ===
Откако на крајот на 1924 година Ахмет Зогу ја презема повторно власта во Албанија со помош на Југославија, Хасан бег е принуден да ја напушти Албанија засекогаш. Тој си купува куќа во [[Солун]], каде што живее.
 
На [[14 април]] [[1933]] година [[Иван Михајлов]], [[Анте Павелиќ]] и Хасан бег Приштина изработуваат проект за сојуз меѓу [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]], [[усташи|усташите]] и [[Косовски комитет|Косовскиот комитет]] за соработкаборба против Југославија.<ref>[http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=4676183AE3EC144C81A46D2004CF64E8 Љубомир Костовски „Хасан Приштина: од иницијатор за балкански ослободителни сојузи до политичар во лошо друштво“], „Глобус, 16.10.2012.</ref><ref>[http://utrinski.mk/?ItemID=7E3695D74AD19747AE63266F928D98EA Виктор Цветаноски, „Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (20)“], „Утрински весник“, 13.12.2009.</ref>
 
НаНабрзо потоа, на 13 август 1933 година е убиен од Албанецот Ибрахим Чело. Не се знае со сигурност дали се работи за [[крвна одмазда]] или за убиство по наредба на Ахмед Зогу. Погребан е во [[Кукс]].
 
== ИзвориНаводи ==
{{наводи}}