ФК Тиквеш: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
Во раните години Тиквеш беше засенет од другите фудбалски клубови од [[Кавадарци]], ФК Занаетчиски, ФК Љубаш и ФК Југославија, но по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] Тиквеш се етаблира и стана најголемиот и најпознат фудбалски клуб од [[Вардарски регион|регионот]].
 
====1950 & 1960 (ерата на Вуко Каров, 1931-1990)====
[[File:Vuko Karov.jpg|thumb|left|[[Вуко Каров]]]]
 
Ред 50:
Во 1967-1968 Тиквеш заврши како второпласиран зад [[ФК Работнички|Работнички Скопје]] во македонската Републичка лига, но стори доволно за да добие промоција во југословенската Втора лига - Исток. Во 1968-1969 Тиквеш избегна испаѓање од југословенската Втора лига - Исток и заврши само еден бод пред ЕИ Младост Ниш, обезбедувајќи опстанок на едно коло пред крајот на сезоната со добри резултати во серија. Ангел Кимов и Глигор Тотов комбинираа 18 голови (Кимов 10 и Тотов 8), додека Миодраг Алексиќ, позајмен играч од [[ФК Војводина|Војводина Нови Сад]] постигна 6 голови.
 
====1970-ти====
 
Најуспешниот период во историјата на клубот дојде во 1970-тите. Предводен од Ангел Кимов и под водство на тренерот Наќо Тотовски Тиквеш конечно ја освои македонската Републичка лига во 1971-72. Hапаѓачкото дуо Кимов - Тотов постигна заедно 36 голови во текот на сезоната (Кимов 20 и Тотов 16) и му помогнаа на Тиквеш да ја освои својата прва титула во 42 годишното постоење и истовремено клубот да добие промоција во југословенската Втора лига - Исток.
Ред 57:
Во 1970-тите Тиквеш играше во југословенската Втора лига неколку сезони, за последен пат во 1978-79 . Покрај Ангел Кимов други познати играчи кои го претставуваа Тиквеш во оваа златна ера се; Oрданчо Милков, Ангел Настев - Џанго, Никола Камчев, Благој Бошковски, Лазар Дамевски, Трајче Леов, Глигор Тотов, Ѓоко Ицев, Пане Недев, Ангел Леов, Цветко Кабрамов, Бранко Бошковски, Љупчо Ицев, Трајче Николов и др.
 
====1980-ти====
 
По успешните 1970-ти среќата на клубот се промени во 1980-тите години. Во 1980-81 Тиквеш испадна од првата македонска Републичка лига. Следните две сезони Тиквеш не успеа да се врати назад, во 1981-82 и 1982-83 завршија 4 и 5 на табелата, соодветно. Во меѓувреме Петар Анѓушев го предводи ФК Бор Кавадарци и за само две години успеаа да скокнат од 3-та во првата Републичка лига. Во 1983 година, откако ФК Бор избори пласман во првата Републичка лига двата клуба од [[Кавадарци]] се фузираа и ФК Тиквеш продолжи да игра понатаму.
 
====1990-тите и новиот милениум====
По независноста на [[Македонија]] во 1991 година Тиквеш играше во македонската [[Прва македонска фудбалска лига|Прва лига]], највисоката професионална фудбалска лига во [[Македонија]], но и покрај богатството од домашни таленти и некои добро познати играчи од страна Тиквеш никогаш не успеа да избори пласман во Eвропско натпреварување.