Разлика помеѓу преработките на „Хамлет“

Нема измена во големината ,  пред 3 години
Полониј му мести средба на Хамлет со Офелија со цел да ја открие причината на неговото лудило. Вообичаено, Хамлет зборува збркано и ја советува Офелија да оди во [[манастир]]. Започнува претставата во која се игра сцена иста како убиството на татко му на Хамлет. Вознемирен, кралот ја напушта претставата и додека го прогонуваат тешки мисли, Хамлет има прилика да го убие, но во последен миг се воздржува. Кралот одлучува да го испрати Хамлет во [[Англија]]. Неговата мајка го повикува на разговор, а скриениот Полониј го слуша разговорот. Хамлет ја обвинува мајка си за гревовите, а потоа го убива Полониј.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 65-98.</ref>
===Четврти чин===
Кралицата миму кажува на кралот за убиството на Полониј, кого набрзина го погребуваат. Кралот го испраќа Хамлет во Англија, а на Розенкранц и Гилденстерн им дава налог Хамлет да биде убиен штом стапнат на англиската почва. Разочарана од смртта на својот татко и од невозвратената љубов од Хамлет, Офелија полудува. Во дворецот пристигнува Лаерт кој дознал за убиството на татко му и бара одмазда, а кралот го обвинува Хамлет за убиството на Полониј. Хорацио добива писмо во кое Хамлет го известува дека [[брод]]от со кој патувал за Англија бил нападнат од [[пирати]] и дека Розенкранц и Гилденстерн се мртви. Кралот го наговара Лаерт со лукавство да го убијат Хамлет. Растроената Офелија извршува [[самоубиство]].<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 99-125.</ref>
===Петти чин===
Двајца гробари копаат гроб за Офелија, а тука доаѓа и Хамлет. Кога Офелија ја погребуваат, Лаерт влегува во [[гроб]]от, а по него и Хамлет и двајцата почнуваат да се борат. Хамлет му кажува на Хорацио како успеал да се спаси: тој го открил писмото на кралот во кое наредува Хамлет да биде убиен, а потоа го заменил со фалсификувано писмо во кое се бара да бидат убиени Гилденстерн и Розенкранц. Кралот се обложува дека Лаерт не може да го победи Хамлет во мечување и започнува натпреварот меѓу нив. Хамлет му се извинува на Лаерт за убиството на татко му, но не знае дека кралот и Лаерт се договориле да го отрујат во текот на натпреварот. Кралицата по грешка пие од пехарот и умира отруена, а во текот на борбата Хамлет и Лаерт си ги заменуваат мечовите и двајцата паѓаат ранети со [[отров]]ниот [[меч]]. Пред да умре, Хамлет го убива кралот. Во дворецот доаѓа норвешкиот принц Фортинбрас кој станува крал на Данска, а Хорацио ја кажува вистината за сите настани.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 126-154.</ref>
Анонимен корисник