Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
поправка на правопис - евтин
Ред 109:
После скоро една година продукција, “Вечниот идол” беше пуштен во продажба на 8 декември 1987 година и беше игнориран од современите рецензенти. Директните ревизии на интернет ерата беа измешани. Allmusic рекоа дека “силниот глас на Мартин додал нов оган на бендот“, а албумот содржел “некои од најтешките рифови на Ајоми.“ Блендер му даде на албумот две звезди, изјавувајќи дека албумот бил “Блек сабат само на име“. Албумот достигна на број 66 во Велика Британија, а на 168 место во САД. Бендот имаше турнеја за поддршка на “Вечниот идол” во Германија, Италија и за прв пат во Грција. За несреќа, делумно поради силната реакција на промотерите за инцидентот во Јужна Африка, другите Европски концерти беа откажани. Басистот Дејв Спиц го напушти бендот пред турнејата, и го замени Џо Барт од Вирџинија Вулф.
 
После слабиот комерцијален успех на “Вечниот идол”, Блек Сабат беа напуштени од Вертиго Рекордс и Ворнер Брос Рекордс, а потпишаа со И.Р.С. Рекордс. Бендот зеде одмор во 1988 година, а се врати во август за да започне со работа на нивниот следен албум. Како резултат на проблемите со снимањето на “Вечниот идол”, Тони Ајоми се одлучи самиот да го продуцира следниот албум на бендот. “Тоа беше комплетно нов почеток“ рекол Ајоми. “Јас морав повторно да размислам за целата работа, и одлучив дека нам ни е потребно повторно да изградиме извесен кредибилитет“. Ајоми го ангажирал поранешниот тапанар на Реинбоу, Кози Пауел, клавијатурист Николс и басистот Лоренс Котл, и изнајмил “многу ефтиноевтино студио во Англија“.
 
Блек сабат го издаде “Обезглавен крст” (Headless Cross)во април 1989 година и повторно беа игнорирани од современите рецензенти. На крај Allmusic му даде на албумот четири звезди, нарекувајќи го “Обезглавен крст” (Headless Cross) “најфиниот албум на Блек Сабат без Ози или Дио“. Закотвен на 62 место, албумот “Обезглавен крст” (Headless Cross) достигна до број 31 на листите во Велика Британија, и број 115 во САД. Гитаристот на Квин Брајан Меј, добар пријател на Ајоми, свиреше како соло гостин на песната “Кога Смртта Повикува“ (When Death Calls). По издавањето на албумот, бендот го придодаде турнејскиот басист Нил Мареј, кој порано членувал во Вајтснејк, пратечкиот бенд на Гери Мур, и Вау Уау.