Нормативна контрола: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Нормативна контрола eeee''' поим во [[библиотекарство]]то кој подразбира создавање и водење на [[предметна определница|предметни определници]] за библиографски материјали во [[библиотекарство|библиотечните]] [[библиотечен каталог|каталози]]. Оваа контрола има две важни улоги. Едната е тоа што им овозможува на каталогизаторите да појаснување на ставки со слични или истоветни предмети. На пример, ако има двајца автори што објавувале под исто име, тогаш се става средно или татково име, датум на раѓање и/или смрт (или кога творелем ако е непознат), или пак некој описен епитет. Другата значајна улога на нормативната контрола е тоа што му служи на каталогизаторот за здружување ([[колокација]]) на материјалите кои логички припаѓаат заедно, но се претставуваат различно. На пример, во нормативните записи се утврдуваат единствени наслови, кои потоа ги здружуваат сите верзии на некое дело под еден именител, дури и ако се издадени под различни наслови. Така, ова претставува пример за контролиран речник.
 
Иако, во теорија, секоја информација за некое дело може да подлежи на нормативна контрола, каталогизаторите најчесто се задржуваат на авторот и насловот. [[Предметна определница|Предметните определници]] имаат слична улога на нормативните записи, но сепак се посебни делови од евиденцијата.