Јован Јовановиќ-Змај: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ текст
поправка на правопис
Ред 1:
{{Инфокутија Писател
| name = Јован Јовановиќ - Змај{{малзак|Јован Јовановић Змај}}
| image = Jova Jovanovic Zmaj.jpg
| imagesize = 220px
Ред 32:
| portaldisp =
}}
'''Јован Јовановиќ - Змај''' ({{lang-sr|Јован Јовановић Змај}}; [[Нови Сад]], [[24 ноември]] [[1833]] - [[Сремска Каменица]], [[3 јуни]] [[1904]]) — српски [[писател]], [[преведувач]], [[новинар]], [[академик]] и [[лекар]], еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската [[поезија]].
 
==Биографија==
Змај е роден на [[24 ноември]] [[1833]] г. (6 декември по [[грегоријански календар|грегоријанскиот календар]]) во [[Нови Сад]]. Гимназија учел во Салаш и Пожун (денес [[Братислава]]), а правни науки во [[Пешта]], [[Прага]] и [[Виена]]. По студиите работел како варошки подбележник во Нови Сад. Подоцна, во Виена завршил [[медицина]], и како лекар работел во [[Панчево]], [[Белград]], Виена, [[Загреб]]. Едно време бил драматург на народниот театар во Белград, а ги уредувал сатиирчнитесатиричните и детски весници: „Јавор“ (Нови Сад, 1862/63) „Змај“ (Нови Сад, 1864/1871), „Жижа“ (Панчево, 1871/1874), „Илустрована ратна хроника“ (Нови Сад, 1877/1878), „Стармали“ (Нови Сад, 1878/1889 и, „Невен“ (1880).
 
Змај бил оженет со Ружа Личанин, по чие име ја нарекол својата збирка „Трендафилчиња“ (турскиот збор „ѓул“ значи [[трендафил]]), а со која живеел среќен, мирен, идиличен [[Брак|брачен]] живот. Но, семејната среќа не траела долго: во период од десетина години му умреле жената и пет деца. Во [[1872]] умрела жена му.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 7-13.</ref>
 
Неговиот последен напишан текст е всушност упатство за својот погреб, во коекој напишал: „Денес умре чичко Јово. Порачајте погребни потреби од втора класа. Не ми требаат венци, погребот нека биде сосема скромен, и никако гробница. Дрвен сандак долг 1 метар и 72 сантиметри.“
 
Умрел во [[Сремска Каменица]], на [[3 јуни]] [[1904]] година.
Ред 50:
Во текот на педесетгодишното творештво Змај напишал голем број песни, се бавел и со преведување, а оставил и неколку прозни дела, како романтичниот расказ „Видосава Бранковиќ“ (''Видосава Бранковиħ'') и хумористичната игра „[[Крап]]“ (''Шаран''), кои не постигнале значаен успех. Неговото богато поетско дело може да се разграни на неколку тематски подрачја: како останатите романтичари, пеел за [[љубов]]та кон жената и кон татковината; својот општествен ангажман го изразил во политичко-сатиричните и во хумористичните песни; а посебен печат оставил со детските песни. Од неговата лирска поезија, најголема вредност имаат збирките „[[Трендафилчиња]]“ од [[1864]] година и „[[Овенати трендафилчиња]]“ (''Ђулиħи увеоци'') од [[1883]] година, кои се сметаат за негов лирски дневник на неговата [[љубов]], семејна среќа и трагичната животна судбина. Блискоста со народната поезија особено се чувствува во неговите збирки „Снохватице“ и „Девесиље“, создадени меѓу [[1895]] и [[1900]] година.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 6-11.</ref>
 
Збирката „Трендафилчиња“ обилува со душевна ведрина, спокојство и ведри [[стих]]ови од типот на „Колку е убав овој свет...“. Основните карактеристики на оваа збирка се: отсуството на длабоки и силни возбудувања и на високи поетски излети; едноставноста на чувствата и на поетските изразни средства; идилично-старинска и реалистична интонација итн. Во таа смисла, Змај е поет со краток поетски здив, кој не е способен да одржи посилен емоционален интензитет преточен во подолга поетска творба. Како последица на тоа се забележува одредено повторување, па дури и шематичностшематизација на поетските слики и фрази. Таквите слаби моменти се забележуваат и во збирката „Трендафилчиња“ во кои често се среќаваат стихови, строфи, па дури и цели песни кои неприродно стрчат од хармоничната целина на збирката, а како послаби моменти се јавуваат и некои песни во кои тој извештачено парадира со српството и со [[Косово]]. Делумно, овие недостатоци се должат на фактот дека песните во оваа збирка биле создавани во подолг временски период.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 8-11.</ref>
 
Настаната под влијание на големата семејна несреќа, збирката „Овенати трендафилчиња“ се одликува со посилна и поинтензивна лирика во споредба со „Трендафилчиња“. Притоа, Змај останал доследен на својот нагонски оптимизам и само во две-три песни тој се јавува како бајроновски бунтовник против [[богБог]]а, природата и [[смрт]]та. И оваа збирка била создавана во подолг временски период, така што постепено слабееле неговите болни чувства, со што целината на збирката делумно била разводенетаразводнета со присуството на некои послаби песни.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 12-13.</ref>
 
Посебно место во поезијата на Змај имаат неговите патриотски песни. Тој бил еден од основачите и главните луѓе на „Обединетата српска младина“ (Уједињена омладина српска), прогресивна [[организација]] чија цел била обединувањето на [[Срби]]те и на [[Јужни Словени|Јужните Словени]]. Подоцна, од неа се родила Либералната народна партија (''Либерална народна странка'') на [[Светозар Милетиќ]], а Змај бил нејзин верен следбеник и помагателпомагач. Во патриотската лирика, тој ги славел српството, славното српско јунаштво и борбата за [[слобода]], но никогаш не западнал во тесен национален шовинизам. Од овие песни особено се истакнуваат: баладата „Три [[ајдуци]]“ (''Три хајдука''), „Српска мајка“ и „Светли [[гроб]]ови“, испеена по повод [[смрт]]та на [[Ѓура Јакшиќ]].<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 13-16.</ref>
 
Политичко-сатиричната поезија на Змај била поврзана со неговиот политички ангажман околу Народната партија на Милетиќ. Во тој поглед, [[Лаза Костиќ]] истакнува дека Змај бил поет на „Милетиќевата слава“, исфрлајќи ја познатата изрека дека „[[змеј]]от го изеде [[славеј]]от“. Сепак, политичката [[поезија]] на Змај не треба да се врзува само со политичката програма на Милетиќ, туку има и поширока платформа. Така, уште во [[1852]] година, за време на Баховиот апсолутизам, Змај пишувал слободарска поезија и ги преведувал слободарските европски поети. Исто така, Змај имал голема дарба за ефектна сатира со која ги исмевал општествените недостатоци на своето време. Според [[Богдан Поповиќ]], Змај поседувал сè што е потребно за добра [[сатира]]: дух, шега, иронија, зајадливост и лутина. Делувајќи како совест на своето време, Змај ги критикувал [[крал]]ската власт, [[свештенство]]то, европската [[дипломатија]] и „високата“ [[политика]], итн.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 16-17.</ref>
Ред 65:
За творештвото на Змај се изречени бројни противречни судови. Така уште додека била жив, тој бил славен како голем поет и како бард на нацијата, но истовремено тој доживеал и тешки критики кои неговото творештво го сведуваат на обично стихотворство. Во тој поглед, може да се каже дека во морето стихови што ги создал има многу слаби моменти, но точно е и тоа дека во моментите на инспирација тој создал и дела со голема уметничка убавина, со кои си обезбедил трајно и високо место во [[Српска книжевност|српската книжевност]].<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 20.</ref>
 
Постои сомневање дали Змај започнал со песните за деца поради потребите на времето, односно поради потребите на образовниот процес или од сосема лична причина. Тој рано останал без свои деца, па можно е оваа потреба да се јавила како еден вид компензација, неопходност да се пополни сопствената животна бездна. Сепак критиката е скептична по ова прашање. Поезијата на Змај ја суделе не само познати критичари, туку и прочуени педагози и политичари. Суделе и без претходна анализа. Ѓорѓе Натошевиќ, најугледен педагошки стручњак од она време кај Србите, песните на Змај ги нарекол „вашарски„панаѓурски изработени“, а како пример ги посочил песните „Ветар“ и „Племица“, кои пак денес се меѓу најпопуларните Змаеви песни. Во писмото до Никола Вукичевиќ од 011 мај 1866 година, Натошевиќ испратил неколку песни на Змај предлагајќи да бидат објавени но претходно дотерани од Петар Деспотовиќ.
 
Критиката смета дека неговата поезија за деца се наоѓа на самиот врв во светската поезија. Таа нагорна линија почнува од неговата песна „Гаша“, 1858 година, која е всушност препев на една песна од германскиот поет [[Рудолф Левенштајн]].