Михаил Јурјевич Лермонтов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 10:
На тринаесетгодишна возраст, Лермонтов во својата тетратка ги препишал „Кавкаскиот заробеник“ на [[Пушкин]] и „Шилјонскиот затвореник“ на [[Бајрон]], јасно покажувајќи ја воодушевеноста од овие две големи имиња на романтизмот.<ref>Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, ''Junak našeg doba''. Beograd: Rad, 1962, стр. 161-162.</ref>
 
Престојот на Кавказ имал големо влијание врз творештвото на Лермонтов, инспирирајќи го авторот за многу лирски песни, за поемите „[[Демон (поема на Лермонтов)|Демон]]“ и „[[Мцири]]“, како и за романот „[[Херој на нашето време (роман)|Јунакот на нашето време]]“. Карактеристичната лермонтовска тема на демоните е присутна уште во неговите први поетски скици направени во младоста, во [[1829]] година, кога тој имал само 15 години. Младинските верзии на поемата „Демон“ се засновани врз апстрактната борба меѓу [[ангел]]ите и [[демон]]ите во духот на [[Романтизам|романтизмот]], додека по враќањето од Кавказ, поемата ја добила својата крајна форма, а во последните две години од животот Лермонтов направил некои ситни промени во поемата. Благодарение на мисловниот и поетскиот сјај, како и звучноста на стиховите, поемата „Демон“ се вбројува во најголемите достигнувања на светската [[поезија]].<ref>Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, ''Junak našeg doba]]''. Beograd: Rad, 1962, стр. 160.</ref>
 
Пред да ја добие крајната форма, поемата „Мцири“ поминала низ повеќе етапи. Нејзините корени може да се следат од поемата „Исповед“ ([[1830]]) чие дејство се одвива во едне [[Католици|католички]] [[манастир]] во [[Шпанија]] и поемата „Болјарот Орша“ (1836) чие дејство е сместено во [[16 век]], за време на владеењето на [[Иван Грозни]]. За време на престојот во Кавказ, Лермонтов ја добил крајната замисла за поемата „Мцири“, заснована врз вистинита приказна. Во поемата се зборува за едно болно момче заробено во еден грузиски манастир од којшто постојано се обидува да побегне. Притоа, момчето не се помирува со загубата на слободата ниту по конечниот неуспех на неговите обиди за бегство. Поемата се одликува со идеален спој на силен протест и најсуптилна поетска емоција.<ref>Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, ''Junak našeg doba''. Beograd: Rad, 1962, стр. 160-161.</ref>