Разлика помеѓу преработките на „Страдањата на младиот Вертер“

→‎Содржина: ситна поправка
(обновување)
(→‎Содржина: ситна поправка)
 
== Содржина ==
Поголемиот дел од книгата е напишан во форма на писма, но содржи и делови во кои „издавачот“ на книгата им се обраќа на читателите со дополнителни објаснувања. Романот се состои од следниве делови:
* Прва книга
* Втора книга
* Соопштение
* Издавачот кон читателот
 
===Прва книга===
Во првата книга се прикажани писмата што младиот Вертер му пишува на својот пријател Вилхелм при што првото писмо е од [[4 мај]] [[1771]] година, а последното од [[10 септември]]: Вертер заминал во мало провинциско градче, каде ги поминува деновите во долги прошетки во [[природа]] и во разговори со локалното население. Еднаш прошетал до блиското планинско место Валхајм кое на прв поглед му се допаднало. Одејќи на една забава ја запознал убавата Шарлота (Лота) која го пленила со својата убавина, [[интелигенција]] и добрина и тој веднаш се вљубил во неа. Меѓутоа, Шарлота била свршена за Алберт, кој привремено бил отсутен. За тоа време, Вертер се зближил со Лота, иако никогаш не ѝ изјавил [[љубов]], знаејќи дека таа е свршена. Подоцна, тој се запознал со Алберт кој му оставил добар впечаток и двајцата станале добри пријатели. Неговите средби со Лота продолжиле, но тој не можел да го издржи притисокот и еден ден ненадејно го напуштил Валхајм.<ref>J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-62.</ref>