Лазарова сабота: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 11:
|relatedto= [[Цветници]], [[Велигден]]
}}
{{Listen
 
| filename = Vevčani-Radožda dialect speech - Vevčani (2).ogg
| title = За одбележувањето на Лазарици во Вевчани
| description = Извадок од раскажување на постара жена од [[Вевчани]] во кој ги рецитира стиховите што се пејат
}}
'''Лазарова сабота''' или '''Лазарици''' или '''Лазаровден''' — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред [[Цветници]], кои се точно една недела пред најголемиот празник [[Велигден]]. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот [[Свети Лазар|Лазар]] извршено од [[Исус Христос]]. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на [[Голгота]]. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во [[Ерусалим]], каде што го пречекале следбениците. Во [[Македонија]] овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат [[лазарски песни]]. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.<ref>[http://preminportal.com.mk/content/view/3840/94/ ''СИНАКСАР - Лазарева сабота'']</ref>