Малешевска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Котлината е висок предел во источниот дел на Република Македонија. Го зафаќа изворскиот слив на реката [[Брегалница]], до нејзината клисура над с. [[Разловци]]. Тоа е опколено со [[Малешевски Планини|Малешевските Планини]] и со разграноци на [[Влаина]], [[Голак]] и [[Плачковица]], а е отворено само накај север по долината на [[Брегалница]]. Преку Малешевијата водат две регионални сообраќајници. Едната го поврзува на север со [[Пијанец]] и на југ со [[Струмичката Котлина]], а другата го поврзува на запад со [[Кочанската Котлина]] и на исток со долината на [[Струма]].
 
Првпат се спомнува во една повелба на византискиот цар [[Василиј II]] во [[1020]] г. Во времето на османлиското владеење управно средиште на Малешевијата било [[Пехчево]] (тогаш „Османија“); а потоа оваа улога ја презема [[Берово]]. Во Малешевијата има 14 села и две градски населби – [[Берово]] и [[Пехчево]]. Од селата, 8 и'ѝ припаѓаат на општината [[Берово]], а 6 на општината [[Пехчево]]. Населбите се од збиен тип и се населени со [[Македонци]]. Во с. [[Црник]] има [[Турци]] и [[Роми]]. Бројот на населението е во стагнација. Во 1961 г. овде живееле 20.048 жители, и во 2002 г. скоро исто толку – 19.458 жители. Малешевци претежно се занимаваат со сточарство, овоштарство и со производство на компири.<ref>Ј. Павловиќ, ''Малешево и Малешевци'', Београд 1928;</ref><ref>''Малеш и Пијанец, Природни и социо-географски карактеристики'', [[МАНУ]], Скопје, 1980.</ref>
 
Котлината има средна надморска височина од 900 метри и спаѓа меѓу највисоките наши котлини со [[Мариово]] и [[Преспа]]. Во пролетниот и летниот период Малешевската котлина има изглед на зелена оаза поради непрегледните [[ливади]] и пасишта. Сликата и пејсажот го надополнуваат и многубројните овоштарници со сливи, круши и јаболка со кои котлината е надалеку позната.