Долмабахче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 48:
 
Харем-и Хумајун претставувал приватниот дел на султанот и неговото семејство и бил поврзан со Мабејн-и Хумајун преку долг ходник кој бил под надзор во секое време. Харемот како приватен простор на султанот е интегриран во целост со целиот комплекс така што не претставува одделен објект од палатата. Во харемот било строго забранет влезот освен на султанот и неговите евнуси. Тој се состои од неколку сали, соби и бањи. Така имало посебни соби за официјалните жени, апартманите на султанот, валиде султан, омилените и наложниците како и за младите деца на султанот. Меѓу најимпресивните карактеристики на харемот се т.н. сина и розова сала.
 
== Карактеристики ==
 
Долмабахче е најголемиот дворец во Труција по плоштина. Местото каде се наоѓа дворецот било залив на Босфорот, и често била користена како градина за прошетка на султаните. Од овде доаѓа и името на палатата, dolma "затворена, исполнета", a bahce - "градина". Должината на фасадата на палатата е 600 метри по должина на европскиот дел од Босфорот со вкупно 285 соби, 6 хамами, 68 тоалетни и 1427 прозорци. 14 тони злато и 40 тони средбо биле употребени за декорација на таваните кои зафаќаат 45 000 м2, додека пак целиот комплекс има плоштина од 110,000 квадратни метри, заедно со паркот каде се наоѓа и саат кулата. Самата фасада ја покажува класична европска зграда со две страни. Сепак, внатрешноста на зградата е со типичен отомански стил. Дизајнот на палатата е по западен образ и вклучува елементи од барок, рококо и неокласицизам, преплетени со традиционалното отоманско искуство и култура. Едно од најзабележителните работи во палатата се техничките услуги кои биле воведени во времето, преку гасоводното осветлување, тоалети со вода, централно затоплување и лифт. Таваните се украсени со злато. При изградбата стаклото како материјал нема голема намена, туку бил користен кристалот.
Постојат две монументални порти и тоа: Трезорската порта, пред која се наоѓа саат кулата и Султанска порта. Од страната на морето постои Босфорска порта. При посета на Долмабахче, дозволено е да се разгледа само неговиот административен дел или само харемот.
 
== Наводи ==