Летни олимписки игри 2012: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 108:
* Во првиот круг од женскиот турнир во фудбал, организаторите направиле превид, кога за време на натпреварот меѓу [[Колумбија]] и [[Северна Кореја]] на семафорот било погрешно истакнато знамето на Јужна Кореја наместо она на Северна Кореја. Фудбалерките на Северна Кореја во знак на протест го напуштиле игралиштето, а натпреварот започнал со доцнење од повеќе од еден час откако грешката била исправена.<ref>{{cite web |url=http://local.stv.tv/glasgow/112456-olympic-blunder-sees-north-korea-refuse-to-play-after-wrong-flag-raised/ |title=Hampden Olympic blunder sees North Korea delay game after wrong flag raised |last=Stuart |first=Gavin |work=stv.tv |date=25 јули 2012}}</ref> По завршувањето на натпреварот, членовите на организацискиот комитет на игрите испратиле официјално извинување до Олимпискиот комитет на Северна Кореја.
* Игрите биле свечено отворени од страна на кралицата [[Елизабета II]], којашто станала првата личност која прогласила за отворени Олимписки игри во две различни држави.
* Најуспешен натпреварувач на игрите бил американскиот пливач [[Мајкл Фелпс]], кој освоил 4 златни и 2 сребрени медали, и со вкупно 22 освоени медали на Олимписките игри станал најуспешниот олимпиец по бројот на освоени медали, соборувајќи го дотогашниот рекорд на советската гимнастичарка [[Лариса Латинина]] со 18 освоени медали. Со неговата победа во трката на 200 м мешано, тој станал првиот пливач кој успеал да освои златен медал во една иста дисциплина на три последователни Олимписки игри.
* Американката [[Миси Френклин]] победила во пливачките трки на 100 и 200 м грбно, а освоила уште два златни и еден бронзен медал во штафетните трки, со што била најуспешна натпреварувачка на игрите.
* Кинеската пливачка [[Је Шевен]] освоила две златни медали во трките на 200 и 400 м мешано со само 16 години, поставувајќи нов светски рекорд во подолгата трка.