Разлика помеѓу преработките на „Брзина на светлината“

Образложението објавено во „''Journal des sçavans''“ се засновало врз извештај кој Ремер го прочитал на Француската академија на науките во ноември 1676 година. [[#cohen-1940|(Cohen, 1940, p.&nbsp;346)]].</ref> Измерени од Земјата, периодите на орбитирање на сателитите на далечни планети се пократки кога Земјата се доближува кон нив во споредба со оние измерени кога таа се оддалечува. Растојанието кое светлината го минува од планетата (или нејзината месечина) е пократко кога Земјата е во точка на орбитата најблиска до планетата отколку кога Земјата е во најоддалечената точка. Разликата меѓу овие растојанија е [[пречник]]от на Земјината орбита околу Сонцето. Забележаната промена во периодот на сателитот е резултат на разликата меѓу времето потребно за светлината да го премости подолгото и покусото растојание. Овој ефект Ремер го забележал кај [[Јо (месечина)|Јо]], „највнатрешната“ месечина на Јупитер, па благодарение на него пресметал дека за поминување растојание еднакво на дијаметарот на Земјината орбита околу сонцето на светлината ѝ се потребни 22 минути.
 
[[File:SoL Aberration mk.svg|thumb|right|Аберација на светлината: како резултат на конечноста на брзината на светлината зрак кој потекнува од далечен извор за подвижен телескоп се чини дека се емитира од друга местоположба.|alt=Ѕвезда емитира светлински зрак кој е регистриран од објективот на телескоп. Како што патува светлината до окуларот, телескопот се движи надесно. За светлината да остане во него, тој мора да се навали надесно. Затоа изгледа како далечниот извор да се наоѓа во друга, десна положба.]]
[[Аберација на светлината|Аберацијата на светлината]] може да послужи за друг метод на мерење на брзината на светлината, откриен и разјаснет од [[Џемс Бредли]] во XVIII век.<ref name="Bradley1729">{{Cite journal
|first=Џ. |last=Бредли