Стогово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 45:
== Правец на протегање ==
 
Планината Стогово се наоѓа меѓу долината на [[Црн Дрим]] на запад и [[Сатеска]] од исток. На север и исток Стогово се надоврзува со планината [[Бистра]], а на југ преку врвот [[Бабин Срт]] (2240 метри надморска височина) се надоврзува на планината [[Караорман]]. На север е ограничена со [[Мала Река]], Гарска Река, Јамска Река и превојот Јама, а на југ преку [[Караорман]] допира до Охридско-струшката котлина.<ref name="aleksandarstojmilov" /> На запад и југозапад падините на Стогово ги оградуваат Дебарското поле и долината на реката [[Црн Дрим]] односно областите [[Дримкол]] и [[Малесија]], додека пак на исток и југоисток ги оградува Кичевската котлина и северниот дел на областа [[Дебарца]]. Се протега во правец северозапад-југоисток.<ref name="aleksandarstojmilov" /> Планината е млада верижна со остри сртови и припаѓа на Шарскиот планински систем. Сртот е јасно изразен по целата должина, на места е заоблен, а наместа остар и слабо расчленет.<ref name="aleksandarstojmilov" /> Планинската страна свртена кон север од почетокот благо се спушта, а потоа стрмно паѓа кон долината на Мала Река и нејзините притоки Гарска и Јамска Река.<ref name="aleksandarstojmilov" /> Највисоки врвови се Стогово - 23182218 метри и Голем Рид - 2273 метри надморска височина, а има уште 10 други врвови повисоки од 2000 метри.<ref name="aleksandarstojmilov" /> [[Ѓорче Петров]] го дава следниот опис на правецот на протегање на Стгово: недалеку од [[Дебар]] преку [[Радика]], започнува планината Стогово, која врви кон југо-исток под тап агол со [[Кораб]] и се покажува во Кичевско 3 часа на југо-запад од градот [[Кичево]], со врвот Стогово.<ref name=gjorcepetrov>{{цитирана книга|last=Петров|first=Гьорче|title=Материали по изучванието на Македония|language=бугарски |publisher=Печатница Вълковъ|year=1896|pages=10}}</ref> Тука таа завртува на југ и под името [[Караорман]] завршува во [[Охридско]].<ref name="gjorcepetrov" />
 
== Градба и природни одлики ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стогово