Абдулменаф Беџети: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
| деца =
}}
'''Абдулменаф Беџети''' (роден на [[2 јули]] [[1959]] година во [[Мала Речица]], [[Тетовско]]) — македонски економист, професор и член на [[МАНУ]].
==Образование==
Во [[Тетово]] завршува основно училиште и гимназија. Во 1982 година дипломира на Економскиот факултет во [[Приштина]]. Професионалната кариера ја започнува во ТПТ „Техно-Промет“ [[Тетово]] во 1983 година каде што работел до 1987 година. Во 1987 година преминува во тогашната СОК – Филијала Тетово каде што работи како финансиски инспектор, а една година потоа е унапреден во виш инспектор на СОК на Република Македонија. На работното место останува до март 1994 година кога со одлука на Владата на Република Македонија е именуван за заменик директор на Управата за јавни приходи, а од мај 1995 до февруари 1996 година е вршител на должноста директор на УЈП на РМ. Во 1996 година е избран за министер за развој во Владата на Република Македонија а во мај 1997 година за министер за сообраќај и врски, функција на која останува до крајот на 1998 година. Во 1996 година се запишува на постдипломски студии на Економскиот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје каде магистрира во 1999 година, под менторство на акад. Ксенте Богоев на тема: ,,Структурата на јавната потрошувачка во Република Македонија и можностите за рационализација“. Докторирал во 2002 година на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на проф. д-р. Живко Атанасовски на тема: ,,Јавните расходи во современите држави и во Република Македонија – аспекти на рационализација и оптимализација“.