Нојшванштајн: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с (GR) Duplicate: File:Neuschwanstein Thronsaal.jpgFile:Throne room, Neuschwanstein Castle, Upper Bavaria, Germany-LCCN2002696256.jpg Exact or scaled-down duplicate: [[c::File:Throne room, Neuschwanstein Castle,...
Ред 46:
Во рамките на на утврувањето замокот содржи престолна одаја, одаите на Лудвиг, т.н. „Сала на пејачите“ и грото (пештера). Низ целиот замок е констуиран и украсен во духот на германските легенди за Лоенгрин, Лебедовиот Витез. Хеоншвангау, каде Лудвиг ја провел младоста, имал украси на тема оваа сага. Оваа тема била обработена и во оперите на [[Рихард Вагнер]]. Многу од собите се украсени со сцени од разни опери на Вагнер, меѓу кои се наоѓа и театар со постојана сценографија од едно од неговите дела. Многу од просториите стојат сѐ уште неукрасени, со тоа што пред смртта на кралот биле украсени само 14 простории.<ref name=historical>{{цитирана книга| last =Desing | first = Julius| editor = Bonny Schmid-Burleson (trans.)| title = The Royal Castle of Neuschwanstein| year = 1998| publisher = Verlag Wilhelm Kienberger | location = Lechbruck, Germany}}</ref> При смртта на кралот, еден од поважните планирани елементи останал неизграден. Тоа бил масивниот [[донжон]] кој се планирал да стои во средината на горното предворје, но чија изградба била прекината од кралското семејство. Темелот за донжонот може да се види и денес во предворјето.
 
[[Податотека:Throne room, Neuschwanstein ThronsaalCastle, Upper Bavaria, Germany-LCCN2002696256.jpg|thumb|left|Слика на престолната одаја, поглед од престолот]]
 
Меѓу завршените соби е престолната одаја, со лустер од полудраги камења, сите [[дванаесет апостоли]], насликани на ѕидот околу на престолот, но самиот престол никогаш не бил завршен. Позади пиедесталот стои насликан [[Исус Христос]]. Во спалната соба на кралот стои неговиот рачно изрезбан кревет, а на балдахинот се изделкани и изрезбани кулите од секоја катедрала во Баварија, таен тоалет (кој користи вода собрана од аквадукт) и мијалник во облик на лебед. Рачно изрезбаното дрво го има низ цела соба и е толку детално што биле потребни 10 години за да се изработи. Во замокот има и капела, соба направена да личи на пештера, комплетна кујна со топла и ладна вода и греени креденци, соби за послугата, работна соба, трпезарија и „Сала на пејачите“, сала за изведба на музички и драмски дела. Кралот ја изградил оваа сала за Вагнер, како место за пишување и изведба на драми. Иако кралот не доживеал да види изведба во неа, по неговата смрт па до денес салата се користи за таа намена.