ЕЛЕМ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Додадени се податоци во историјата за изградба на производствените капацитети, поправени се граматички грешки и мерките се со текст
Ред 16:
'''АД „Електрани на Македонија“''' или скратено '''ЕЛЕМ''' е акционерско друштво во сопственост на државата кое е најголемиот производител на [[електрична енергија]] во Република Македонија. Со своите капацитети обезбедува околу 90 отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија. Примарната дејност на компанијата не е само производство на електрична енергија туку и изнаоѓање нови енергетски извори и подигање на свеста за животната средина.
 
Вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија е 1.414,4 MWмегавати, и тоа 842 MWмегавати во термо-капацитетите, 553,6 MWмегавати во хидрокапацитетите и 36,8 MWмегавати во ветерниот парк „Богданци“. Со овој капацитет АД ЕЛЕМ прозведува електрична енергија согласно потребите на тарифните потрошувачи.
 
== ИСТОРИЈА ==
АД ЕЛЕМ е формиран со Одлука на Владата на Р.Македонија бр.19-2626/1 од 30.06.2005, како резултат на реструктуирањето на Електростопанство на Македонија. Дејноста што ја врши АД ЕЛЕМ е регулирана со Статутот на Друштвото, а се сведува на производство на електрична енергија. АД ЕЛЕМ доби лиценца за вршење на енергетска дејност т.е производство на електрична енергија.
 
Но самите почетоци на производството на електрична енергија во Македонија се во далечната 1909 година кога, со примена на технологијата на еднонасочна струја, засветува првата светилка во Скопје. Малата дизел електрична централа која го овозможила тоа имала еден агрегат од 44 kWкиловати, со напон од 220 до 240 Vвати и служела за напојување на една пумпна станица за градскиот водовод, за осветлување на зградата на Општината, за една улица и за конакот на турскиот валија.
 
'''1909 – 1924'''
 
Во главниот град пуштени се во погон уште неколку помошни агрегати, а снабдување со електрична енергија добиваат и некои други градови како Тетово, Битола, Велес, Куманово, Прилеп...
 
'''1924 – 1940'''
 
Позначајни објекти изградени во овој период се ХЕ Пена во Тетово (1.760 киловати), пуштена во погон во 1927 година, ТЕ Дизел во Скопје (1.000 киловати) пуштена во погон во 1933 година, ХЕ Матка во Скопје (4.160 киловати) пуштена во погон во 1938 година, како и ТЕ Пробиштип (1.280 киловати) пуштена во погон во 1940 година.
 
'''1945 – 1955'''
 
По завршувањето на Втората светска војна и конституирањето на НР Македонија основано е Електростопанство на Македонија чиј континуитет, преку различни организациони форми, е одржан до денешен ден. Хронолошки, реализацијата започнува со пуштањето во погон на двата агрегати во ТЕ Маџари, а потоа секоја година се става во функција на електроенергетскиот систем по една мала хидроелектрана: Зрновци, Песочани, Сапунчица, Дошница.
 
'''1955 – 1970'''
 
Во 1957 и 1958 во ХЕ Вруток се пуштени два агрегати со моќност од по 37,5 мегавати, а една година подоцна пуштени се во погон и ХЕ Равен (12,8 мегавати) и ХЕ Врбен (12,8 мегавати), со што е завршена првата фаза од изградбата на Мавровскиот хидроенергетски систем. Во овој период се започнати и активности за искористување на хидропотенцијалот на Црнодримскиот слив, така што последователно во 1965 година е пуштена во погон ХЕ Глобочица (42 мегавати), а во 1969 и ХЕ Шпилје (70,2 мегавати). Во тоа време пуштени се во погон и две други хидроелектрани - ХЕ Тиквеш (два агрегати од по 46 MW) во 1968 година, а во 1970 и ХЕ Калиманци (12,8 мегавати).
 
'''1970 - 1990'''
 
Кон крајот на 70-тите години изградени се и термоелектраните, и тоа: ТЕ Неготино во 1978 година; две години подоцна РЕК Осломеј, како и сукцесивно трите термо блока во РЕК Битола, каде изградбата на последниот блок завршува во 1988 година.
 
'''2004'''
 
Во 2004 година почнува со работа новоиградената хидроелектрична централа Козјак каде се инсталирани и синхронизирани два агрегата со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати.
 
'''2005'''
 
Се формира АД Електрани на Македонија како резултат на реструктуирањето на Електростопанство на Македонија.
 
'''2012'''
 
Почна со работа новоиградената хидроелектрична централа „Света Петка“ со која целосно се искористува хидропотенцијалот на реката Треска. Инсталираната моќност на хидроелектраната е 36,4 мегавати со можност за годишно производство од  66 гигават-часови електрична енергија.
 
'''2014'''
 
Пуштен е во работа Паркот на ветерни електрани „Богданци“, прв објект од ваков тип во Република Македонија. Поставени се 16 ветерници со инсталирана моќност од 2,3 мегавати секоја или вкупно 36,8 мегавати со можност за годишно производство на електрична енергија повеќе од 100 гигават-часови.
 
Завршена е ревитализацијата на хидроелектраните - втора фаза и е означен почетокот на работата на модернизираната хидроелектрана „Вруток“. Со овој зафат е продолжен животниот век на хидроелектраните и нивните придружни градежни објекти, а инсталираната моќност е зголемена за дополнителни 18,31 мегавати.
 
== ПОДРУЖНИЦИ ==
Во сопственост на АД ЕЛЕМ се два [[термоелектрани|рударско-енергетски комбинати]], осум [[хидроелектрани]], иседум [[ветернаод нив групирани во хидроенергетски системи, и енергија|паркот на ветернитеветерни електрани]]:
 
[[РЕК „Битола“|РЕК Битола]]
Ред 40 ⟶ 78:
ВЕЦ Богданци
 
== ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ ==
== Производни капацитети ==
=== Термоелектрани ===
Термоелектраните се доминантни во електроенергетскиот систем на Македонија. Најголем термо-капацитет е [[РЕК Битола]] со своите три блока, Битола 1, 2 и Битола 3. Производството во комбинатот е започнато во 1980 година, со ископ на јаловина од првиот БТО систем (багер, трака, одлагач), а првите киловат-часови електрична енергија се добиени во 1982 година кога во работа е пуштен првиот од трите блока на електраната. Производството го овозможуваат три блока чија моќност со реконструкција во 1994 година е зголемена за дополнителни 45 MWмегавати. Во периодот 2010 - 2012 година е извршена дополнителна модернизација на агрегатите во блоковите при што се подигна моќноста на истите за 8,33 MWмегавати по агрегат. Со тоа вкупната моќност на РЕК Битола денеска изнесува 700 MWмегавати. Дополнително во текот на 2012 година и 2013 година се изврши модернизација на котел 3 и котел 2 при што се намалија емисиите на азотни оксиди согласно стандардите за животна средина на ЕУ. Сиот овој потенцијал во РЕК Битола овозможува над 70% учество на комбинатот во вкупното производство на електрична енергија во електроенергетскиот систем.
 
Во составот на термо системот во Македонија припаѓа и [[РЕК Осломеј]] со инсталирана моќност на блокот од 125 MWмегавати кој почнал со работа во 1980 година. Поради празнење на достапните резерви на јаглен, како и сериозните пречки што произлегуваат од социјално – културната средина во однос на можноста за експлоатација на наоѓалиштето Поповјани (басен Кичево, со експлоатациони резерви од 9.000.000 тони), оваа електрична централа се соочува со голема  несигурност во поглед на снабдувањето со гориво. Затоа во 2015 година изработена е физибилити студија за модернизација на централата што препорачува  користење на увозен јаглен со повисока калорична вредност. Стратегиската цел е прецизно утврдување на моменталната состојба на ТЕЦ Осломеј со цел продолжување на животниот век на оваа централа во согласност со националните барања и барањата на ЕУ за животна средина и обезбедување долгорочно и одржливо снабдување со јаглен.
 
=== Хидроелектрани ===
Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува 553,6 MWмегавати, односно 40% од вкупните капацитети на ЕЛЕМ. Во системот на ЕЛЕМ постојат осум хидроелектрани, од кои две проточни, [[ХЕ Равен|Равен]] и [[ХЕ Врбен|Врбен]], и шест акумулациони: [[ХЕ Вруток|Вруток]], [[ХЕ Шпилје|Шпилје]], [[ХЕ Глобочица|Глобочица]], [[ХЕ Тиквеш|Тиквеш]], [[ХЕ Козјак|Козја]]<nowiki/>к и Св. Петка. Од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ хидропроизводството обезбедува околу 17 %, и тоа пред сè за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија и за обезбедување на системските услуги за регулација со што се постигнува поголема флексибилност и распoложивост на електроенергетскиот систем.
 
Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електроенергетскиот сектор и државата во целост. Просторот во Македонија според конфигурацијата на теренот и климатските услови е предодреден за искористување на проточните води од реките, изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулациии.
== ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА ==
== Организациска структура ==
<center>
{| class="wikitable sortable" width="70%"
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ЕЛЕМ