Бета-распад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Бета распаѓање на Бета-распад
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Бета распаѓањето''' претставува радиоактивно распаѓање на нестабилните атомски јадра проследено со емисија на бета честички. Нестабилноста на јадрата е предизвикана од преголемиот број [[Неутрон|неутрони]] наспрема [[Протон|протони]], и обратно. Постојат два типа на бета честички: позитивни и негативни. '''Негативните (β<sup>-</sup> честички)''' се всушност [[Електрон|електрони]], а '''позитивните (β<sup>+</sup> честички)''' – позитрони (антиелектрони).
 
[[Податотека:Beta-minus Decay.svg|мини|Бета минус распаѓање]]
 
Нестабилните атомски јадра кои имаат вишок протони може да се распаднат преку '''β<sup>+</sup> распаѓање''' така што некој протон ќе се претвори во неутрон, позитрон (β<sup>+</sup> честичка) и неутрино. При β<sup>+</sup> распаѓањето нуклеарната енергија на новонастанатиот хемиски елемент или изотоп e поголема од онаа на стариот. Тоа е така бидејќи протонот има поголема маса од збирот на масите на неутронот и позитронот, па затоа таа „вишок“ маса се претвора во енергија.
 
p → n + e<sup>+</sup> + ν<sub>e</sub>
Ред 15:
Треба да се потенцира дека ни електронот ни позитронот емитувани при бета распаѓањето не постојат во јадрото пред распаѓањето. Овие честички се создаваат со претворање на енергијата во маса на мирување. Гледано од овој агол, бета радијацијата е сосема поразлична од алфа радијацијата при која емитираната алфа честичка и претходно постоела во јадрото. Всушност може да се каже дека бета распаѓањето повеќе наликува на емисијата на [[Фотон|фотони]] при преминот на „возбуден“ атом од повисоко на пониско енергетско ниво. Сепак, постои голема разлика помеѓу емисијата на фотони и бета распаѓањето - интеракцијата при создавањето на фотони е електромагнетна. Но бидејќи неутронот е неутрален, овде електомагнетната сила не е присутна. Всушност доколку електромагнетната сила дејствува би требало да очекуваме да се случи обратното – протонот и електронот да се спојат во еден неутрон бидејќи спротивните полнежи се привлекуваат. Затоа за да се опише бета распаѓањето е воведена нова сила која мора да биде многу слаба на нуклеарната скала. Таа е наречена слаба нуклеарна сила.
 
== Историја ==
[[Податотека:Radioactive.svg|мини|исправено=0.7|Знак кој се користи за да се означи радиоактивен материјал.]]
[[Радиоактивност|Радиоактивноста]]а била откриена во 1896 година од страна на Хенри Бекерел и [[Марија Кири|Марија]] и [[Пјер Кири|Пјер]] Кири. Во 1899 година [[Ернест Радерфорд]] ја поделил радиоактивноста на два вида: алфа и бета. Во 1900 година Бекерел по низа мерења утврдил дека бета честичката е всушност електрон. Подоцнежните истражувања околу бета распаѓањето ги донеле и првите докази за постоењето на неутриното. Во 1911 година Лиза Мајтнер и Ото Хан извеле експеримент кој покажал дека енергијата на електроните се губи при распаѓањето, што е во потполна спротивност со законот за зачувување на енергијата. Истиот чуден резултат бил повторно потврден во низа експерименти од 1920 до 1927 година. Паули во 1930 година изјавил дека во атомите постои и екстремно лесна честичка. Тој предложил дека оваа честичка исто така се емитува при бета распаѓањата, но дека досега не била откриена. Подоцна [[Енрико Ферми]] ја именувал оваа честичка во неутрино, а во 1934 година издал модел на бета распаѓање во кој биле вклучени и неутрината.
 
== Откривање на ослободените неутрина ==
Ред 26:
Нестабилните јадра кои се распаѓаат емитирајќи бета честички имаат широка употреба во медицината, вклучувајќи дијагностицирање, скенирање и третман на некои болести:
 
* јод-131 се употребува при лечењето на проблеми со тироидната жлезда (како на пример рак на тироидната жлезда);
* фосфор-32 се користи при истражувања во биологијата и генетиката;
* тритиумот се употребува при проверување на безбедноста на новите лекови, но и кај светлечките реклами и билборди;
* јаглерод-14 е најдобар начин за да се провери староста на некои одамна изумрени организми;
* бета честичките се користат и за лечење на рак на коските, при мерење на дебелина на некои многу тенки материјали (како на пример хартијата), во томографијата (PET scan),...
 
== Влијание врз здравјето ==
Малата изложеност на бета радијација може да биде корисна, а тоа се употребува во медицината. Но поголемата изложеност на бета честички е опасна бидејќи може да ја иритира, а во најлош случај и да ја изгори кожата. Најопасни се бета честичките кои се директно внесени во организмот бидејќи при допир со ткивото тие го јонизираат што може во голема мера да му наштети на организмот. Јонизацијата може да ги раскине хемиските врски или да предизвика нови, со што ќе се промени составот на градбените единки на организмот (протеини, DNA, RNA,...). Додека пак подолгата изложеност на радијација може да предизвика рак, а со тоа и смрт.
 
== Користена литература ==
Ред 44:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Физика]]