Мара Нацева: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
==Биографија==
=== Рани години ===
 
Мара Нацева е родена на [[28 септември]] [[1920]] година, во Куманово. Во [[1936]] година, на шеснаесетгодишна возраст, Мара Нацева постанала членка на [[СКОЈ]], а во [[1939]] година и на [[КПЈ]]. Поради учество во штрајкувачкото движење, таа морала да го напушти Куманово и заминала во [[Ниш]], каде, исто така, се вклучила во партиските активности на КПЈ. Во 1940 година, Нацева постанала членка на Месниот комитет и на Окружниот комитет на КПЈ за Ниш и учествувала, како делегат од [[Србија]], на [[Петта земска конференција на КПЈ|Петтата земска конференција на КПЈ]], одржана во [[Загреб]].
 
=== Во НОБ ===
Од крајот на [[1941]] година, Нацева била членка на Покраинскиот комитет на КПЈ за [[Македонија]]. Во летото [[1942]] година, таа била уапсена од бугарската полиција и била интернирана во логорот за жени во близината на [[Асеновград]]. Едно новооткриено писмо на Страшо Пинџур, испратено до неговиот роднина, новинарот Блажо Видов, кој во тоа време работел и живеел во [[Софија]], открива дека [[Страшо Пинџур]] настојувал да најде начини за ослободување на Мара Нацева од затворот. Така, во писмото, тој му пишува на Видов:<ref>Светлана Дарудова, "Страшо Пинџур во писмо открива чувства спрема Мара Нацева", ''Дневник'', година XVIII, број 5433, петок, 4 април, 2014, стр, 13.</ref>
 
Ред 15 ⟶ 16:
Во март [[1943]] година, во нејзино отсуство, таа била избрана за организационен секретар на новоформираната [[Сојуз на комунистите на Македонија|Комунистичка партија на Македонија]]. Исто така, Нацева била избрана за делегат на [[АВНОЈ]] и на [[АСНОМ]].<ref>Светлана Дарудова, "Страшо Пинџур во писмо открива чувства спрема Мара Нацева", ''Дневник'', година XVIII, број 5433, петок, 4 април, 2014, стр, 13.</ref>
 
=== По ослободувањето ===
По завршувањето на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], Нацева извршувала повеќе високи политички функции.