ЕЛЕМ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
граматички промени
промена на стари податоци
Ред 14:
}}
 
'''АД „Електрани на Македонија“''' или скратено '''АД''' '''ЕЛЕМ''' е акционерско друштво во сопственост на државата кое е најголемиот произведувачпроизводител на [[електрична енергија]] во Република Македонија. Со своите капацитети обезбедува околу 90 отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија со што е еден од економските столбови на државата. Примарната дејност на компанијата не е само производство на електрична енергија туку и изнаоѓање нови енергетски извори и подигање на свеста за животната средина.
 
Вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија е 1.414,4 MW, и тоа 842 MW во термо-капацитетите, 553,6 MW во хидрокапацитетите и 36,8 MW во ветерниот парк „Богданци“. Со овој капацитет АД ЕЛЕМ прозведува електрична енергија согласно потребите на тарифните потрошувачи.
 
=== ИСТОРИЈА ===
АД ЕЛЕМ е формиран со Одлука на Владата на Р.Македонија бр.19-2626/1 од 30.06.2005, како резултат на реструктуирањето на Електростопанство на Македонија. Владата на РМ во 2005 донесе Статут на Акционерско друштво за производство на електрична енергија, „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје. Дејноста што ја врши АД ЕЛЕМ е регулирана со Статутот на Друштвото, а се сведува на производство на електрична енергија. АД ЕЛЕМ доби лиценца за вршење на енергетска дејност т.е производство на електрична енергија.
 
ПочетоцитеНо самите почетоци на производството на електрична енергија во Македонија се во далечната 1909 година кога, со примена на технологијата на еднонасочна струја, засветува првата светилка во Скопје. Малата дизел електрична централа која го овозможила тоа имала еден агрегат од 44 kW, со напон од 220 до 240 V и служела за напојување на една пумпна станица за градскиот водовод, за осветлување на зградата на Општината, за една улица и за конакот на турскиот валија.
 
=== ПОДРУЖНИЦИ ===
Во сопственост на АД ЕЛЕМ се два [[термоелектрани|рударско-енергетски комбинати]], осум [[хидроелектрани]] и [[ветерна енергија|паркот на ветерните електрани]]:
 
Ред 44:
=== Термоелектрани ===
Термоелектраните се доминантни во електроенергетскиот систем на Македонија. Најголем термо-капацитет е [[РЕК Битола]] со своите три блока, Битола 1, 2 и Битола 3. Производството во комбинатот е започнато во 1980 година, со ископ на јаловина од првиот БТО систем (багер, трака, одлагач), а првите киловат-часови електрична енергија се добиени во 1982 година кога во работа е пуштен првиот од трите блока на електраната. Производството го овозможуваат три блока чија моќност со реконструкција во 1994 година е зголемена за дополнителни 45 MW. Во периодот 2010 - 2012 година е извршена дополнителна модернизација на агрегатите во блоковите при што се подигна моќноста на истите за 8,33 MW по агрегат. Со тоа вкупната моќност на РЕК Битола денеска изнесува 700 MW. Дополнително во текот на 2012 година и 2013 година се изврши модернизација на котел 3 и котел 2 при што се намалија емисиите на азотни оксиди согласно стандардите за животна средина на ЕУ. Сиот овој потенцијал во РЕК Битола овозможува над 70% учество на комбинатот во вкупното производство на електрична енергија во електроенергетскиот систем.
 
Во составот на термо системот во Македонија припаѓа и [[РЕК Осломеј]] со инсталирана моќност на блокот од 125 MW кој почнал со работа во 1980 година. Поради празнење на достапните резерви на јаглен, како и сериозните пречки што произлегуваат од социјално – културната средина во однос на можноста за експлоатација на наоѓалиштето Поповјани (басен Кичево, со експлоатациони резерви од 9.000.000 тони), оваа електрична централа се соочува со голема  несигурност во поглед на снабдувањето со гориво. Затоа во 2015 година изработена е физибилити студија за модернизација на централата што препорачува  користење на увозен јаглен со повисока калорична вредност. Стратегиската цел е прецизно утврдување на моменталната состојба на ТЕЦ Осломеј со цел продолжување на животниот век на оваа централа во согласност со националните барања и барањата на ЕУ за животна средина и обезбедување долгорочно и одржливо снабдување со јаглен.
Ред 50:
=== Хидроелектрани ===
Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува 528553,46 MW, односно 40% од вкупните капацитети на ЕЛЕМ. Во системот на ЕЛЕМ постојат седумосум хидроелектрани, од кои две проточни, [[ХЕ Равен|Равен]] и [[ХЕ Врбен|Врбен]], и петшест акумулациони: [[ХЕ Вруток|Вруток]], [[ХЕ Шпилје|Шпилје]], [[ХЕ Глобочица|Глобочица]], [[ХЕ Тиквеш|Тиквеш]], и [[ХЕ Козјак|Козја]] и Св. Петка[[ХЕ Козјак]]. Од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ хидропроизводството обезбедува околу 17 %, и тоа пред сè за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија и за обезбедување на системските услуги за регулација со што се постигнува поголема флексибилност и распoложивост на електроенергетскиот систем.
 
Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електроенергетскиот сектор и државата во целост. Просторот во Македонија според конфигурацијата на теренот и климатските услови е предодреден за искористување на проточните води од реките, изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулациии.
== Производство ==
== ОрганизационаОрганизациска структура ==
 
Производството на ЕЛЕМ задоволува околу 96% од потребите за електрична енергија на Република Македонија.<ref>[http://www.elem.com.mk/mk/ElemDenes.asp ЕЛЕМ Денес]</ref> Остатокот се обезбедува главно од увоз. За производството во термоелектраните, ЕЛЕМ има неколку јагленокопи кои во целост ги задоволуваат нивните потреби од јаглен.
 
=== Електрична енергија ===
 
Вкупното производство на електрична енергија во 2008. година изнесувало 5615 GWh електрична енергија, од кои 4877 GWh (87%) од термоцентралите и 738 GWh (13%) од хидроцентралите. Малото учество во производството на хидроцентралите се должи на лошата хидролошка состојба во 2008.<ref>[http://www.elem.com.mk/images/photo/interen/Godisen%20izvestaj%202008.pdf Годишен извештај за Производство на електрична енергија на ЕЛЕМ]</ref>
 
=== Јагленокопи ===
Во 2008 година, за потребите на термоелектраните, од рудниците се ископани 7.746.170 тони јаглен. За потребите на ТЕЦ Битола од рудникот [[Суводол]] се ископани 6.376.643 t, а од рудникот Брод – Гнеотино оваа година се испорачани првите количини на јаглен од 127 536 [t]. Од овој рудник се планира од 2009 година да се ископуваат по 2.000.000 t или околу една третина од потребите на ТЕЦ Битола. За потребите на ТЕЦ Осломеј од рудникот Осломеј – Запад се ископани 936.278 t јаглен, а со отварањето на усекот во локалниот Стар рудник е овозможена испорака на 305.713 t.<ref>[http://www.elem.com.mk/images/photo/interen/Godisen%20izvestaj%202008.pdf Годишен извештај за Производство на електрична енергија на ЕЛЕМ]</ref>
 
 
== Организациона структура ==
<center>
{|width=70%
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ЕЛЕМ