Разлика помеѓу преработките на „Долмабахче“

Додадени 1.205 бајти ,  пред 4 години
 
Едно од најзабележителните објекти во палатата е салата Муаједе, кој се наоѓа помеѓу Мабејн-и Хумајун и харемот. Овој дел е највисокиот и највеличествениот од целиот комплекс како голема плоштадна сала со монументални размери и зафаќа површина од 2.000 квадратни метри, со висина од 36 метри и 56 столбови. Овде се наоѓа и најголемиот лустер во светот, со 750 светилки, кој бил подарок од страна на британската [[кралица Викторија]] и кој бил изработен во [[Англија]] со тежина од 4,5 тони. Подот, кој зафаќа површина од 124 м2 е покриен со килим од европски дизајн. Во оваа сала се одржувале церемонии од најразличен вид, како политички така и од религиозен карактер. Горните галерии биле користени од страна на странските амбасадори кои биле поканувани на религиозни церемонии, но исто така и од оркестарот при специјални прилики. Во зимскиот период оваа сала била загревана преку топол воздух кој доаѓал преку системот за греење на долниот кат преку 56 високи столбови. Поради големината на салата, било потребно три дена за загревање на објектот пред да започне некоја церемонија.
 
===Харем-и Хумајун ===
 
Харем-и Хумајун претставувал приватниот дел на султанот и неговото семејство и бил поврзан со Мабејн-и Хумајун преку долг ходник кој бил под надзор во секое време. Харемот како приватен простор на султанот е интегриран во целост со целиот комплекс така што не претставува одделен објект од палатата. Во харемот било строго забранет влезот освен на султанот и неговите евнуси. Тој се состои од неколку сали, соби и бањи. Така имало посебни соби за официјалните жени, апартманите на султанот, валиде султан, омилените и наложниците како и за младите деца на султанот. Меѓу најимпресивните карактеристики на харемот се т.н. сина и розова сала.
 
== Наводи ==