Разлика помеѓу преработките на „Долмабахче“

Додадени 2.004 бајти ,  пред 4 години
 
Дворецот е поделен на три основни делови: Мабејн-и Хумајун, Муаједе и Харем.
 
=== Мабејн-и Хумајун===
 
Мабејн-и Хумајун позната и како Селамлик е објектот каде се одвивале државните работи и каде државните службеници ги спроведувале своите работи. Посетата на палатата започнува преку главниот влез Медхал, кое претставува предворие на Мабејн-и Хумајун или Селамик. На влезот од палатата постои многу голема сала со кристални скали и други декоративни елементи. Собите кои следуваат по влезот од Медхал се обрнати или кон морето или кон внатрешноста. Оние кон морето биле користени од официјалните османлиски власти, од [[Голем везир|Големиот везир]] и од министрите. Оние кон внатрешноста биле за администрацијата на палатата. По ова следува салата на чиновниците која се наоѓа на десната страна од Медхал. Овде се наоѓа најголемата слика во колекцијата на палатата, од Стефано Уси која прикажува поворка која тргнала од [[Истанбул]] кон [[Мека]]. Освен оваа слика, овде се наоѓа и слика на австрискиот уметник [[Рудолф Ернест]] со пожарот на ''Државниот театар во Париз'' и слика на [[Деландре]] наречена ''Германско селско девојче''. Освен уметнички слики, во салата се наоѓаат и неколку ценети порцелански вазни. Декорацијата на салата е во типичен француски стил. Салата Суфера, каде биле пречекувани странските амбасадори, и Црвената сала која се користела од султанот како приемна биле декорирани на начин на кој се потенцирала големината на царството денеска претставуваат едни од најспектакуларните декорирани објекти во Долмабахче. Од салата Зулвехејн на вториот спрат се овозможува премин кон харемот на султанот во делот од Мабејн-и Хумајун. Во овој апартман има кабинет, соби за одмор и бања која е декорирана со египетски мермер. Овде се наоѓа и библиотеката на палатата.
 
=== Муаједе===
 
Едно од најзабележителните објекти во палатата е салата Муаједе, кој се наоѓа помеѓу Мабејн-и Хумајун и харемот. Овој дел е највисокиот и највеличествениот од целиот комплекс како голема плоштадна сала со монументални размери и зафаќа површина од 2000 квадратни метри, со висина од 36 метри и 56 столбови. Овде се наоѓа и најголемиот лустер во светот, со 750 светилки, кој бил подарок од страна на британската кралица Викторија и кој бил изработен во Англија со тежина од 4,5 тони. Подот, кој зафаќа површина од 124 м2 е покриен со килим од европски дизајн. Во оваа сала се одржувале церемонии од најразличен вид, како политички така и од религиозен карактер. Горните галерии биле користени од страна на странските амбасадори кои биле поканувани на религиозни церемонии, но исто така и од оркестарот при специјални прилики. Во зимскиот период оваа сала била загревана преку топол воздух кој доаѓал преку системот за греење на долниот кат преку 56 високи столбови. Поради големината на салата, било потребно три дена за загревање на објектот предда започне некоја церемонија.
 
== Наводи ==