Долмабахче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 37:
Дворецот е поделен на три основни делови: Мабејн-и Хумајун, Муаједе и Харем.
 
Мабејн-и Хумајун позната и како Селамлик е објектот каде се одвивале државните работи и каде државните службеници ги спроведувале своите работи. Посетата на палатата започнува преку главниот влез Медхал, кое претставува предворие на Мабејн-и Хумајун или Селамик. На влезот од палатата постои многу голема сала со кристални скали и други декоративни елементи. Собите кои следуваат по влезот од Медхал се обрнати или кон морето или кон внатрешноста. Оние кон морето биле користени од официјалните османлиски власти, од [[Голем везир|Големиот везир]] и од министрите. Оние кон внатрешноста биле за администрацијата на палатата. По ова следува салата на чиновниците која се наоѓа на десната страна од Медхал. Овде се наоѓа најголемата слика во колекцијата на палатата, од Стефано Уси која прикажува поворка која тргнала од [[Истанбул]] кон [[Мека]]. Освен оваа слика, овде се наоѓа и слика на австрискиот уметник [[Рудолф ЕрнесЕрнест]] со пожарот на ''Државниот театар во Париз'' и слика на [[Деландре]] наречена ''Германско селско девојче''. Освен уметнички слики, во салата се наоѓаат и неколку ценети порцелански вазни. Декорацијата на салата е во типичен француски стил. Салата Суфера, каде биле пречекувани странските амбасадори, и Црвената сала која се користела од султанот како приемна биле декорирани на начин на кој се потенцирала големината на империјатаицарството денеска претставуваат едни од најспектакуларните декорирани објекти во Долмабахче. Од салата Зулвехејн на вториот спрат се овозможува премин кон харемот на султанот во делот од Мабејн-и Хумајун. Во овој апартман има кабинет, соби за одмор и бања која е декорирана со египетски мермер. Овде се наоѓа и библиотеката на палатата.
 
 
== Наводи ==