Разлика помеѓу преработките на „Долмабахче“

Додадени 2.375 бајти ,  пред 4 години
нема опис на уредувањето
 
'''Долмабахче''' ({{lang-tr|Dolmabahçe Sarayı}} — [[дворец]] кој се наоѓа во [[Истанбул]], [[Турција]]. Дворецот, кој денеска служи како музеј се наоѓа на [[Босфор|европскиот]] дел на градот во реонот на [[Бешикташ]]. Овој објект бил изграден во времето на османлискиот султан [[Абдул Меџит I]] во периодот помеѓу [[1842]] и [[1853]] година. Во периодот од 1856 до 1887 година и во периодот од 1909 до 1922 година, дворецот служел како резиденција на османлискиот султан. По [[1922]] година во него живеал [[Кемал Ататурк]] каде починал во [[1938]] година.
 
== Историја ==
До средината на 19 век, резиденцијата на Отоманската Империја, односно на султанот се наоѓала во Топкапи Сарај, кој бил изграден главно во средновековен стил. Во времето кога империјата своите контакти ги проширила со земјите од Западна Европа, султанот решил дека треба да биде изградена палата по европски стил. Така, по порачка на султанот Абдул Меџид I, ерменските архитекти Карабет и Балијан ја изградиле новата резиденција. Изградбата на истата започнала во 1843, а завршила до 1856 година целосно. Трошоците кои биле потрошени за изградбата на Долмабахче биле околу 5 милиони лири, кое одговарало на приближно 1/4 од годишните даноци или 35 тони злато. Финансирањето на објектот се одвивало преку печатење на книжни пари. Според некои извори, се говори дека тогашниот министер за финансии му соопштил на султанот дека изградбата на палатата чини околу 3,500 пиастра, но всушност тоа била сумата која била неопходна за печатењето на парите. Самата изградба довела да империјата се доближи до банкрот и да стане финансиски зависна од надворешни извори односно земји. Поголемиот дел од следните султани ги претпочитале помалите новоизградени палати по Босфорот. Оваа палата се користела и од страна на Мустафа Кемал Ататурк, каде починал на 10 ноември 1938 година по подолг период на боледување.
 
== Наводи ==