Вегетаријанство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:FoodsSoy-whey-protein-diet.jpg|thumbмини|rightдесно|260px250п|РазличниВегетаријански видови на овошје и зеленчукнамирници]]
'''Вегетаријанство''' — начин на исхрана кој го исклучува јадењето на [[месо]] (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови<ref>[http://recnik.nabu.mk/?search=%D0%B2%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE&qe=true „вегетаријанство“, Лексикон на Набу] {{mk}}</ref>). Вегетаријанството е практика со која се воздржуваме од конзумирање на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Тоа исто така може да вклучува и воздржување од нуспроизводите добиени од колење на животните.
Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини. Многумина одбиваат да јадат месо поради емпатија кон животните. Ваквите етички образложенија се кодифицирани под различни верски убедувања, заедно со концептот за правата на животните. Други образложенија за вегетаријанството се поврзани со здравјето, со политиката, со околината, со културата, со есететиката или со економијата. Исто така, постојат и разни варијанти на исхрана: ововегетаријанската исхрана вклучува јајца но не млечни производи, алактовегетаријанската исхрана вклучува млечни производи, но не и јајца, а оволактовегетаријанската исхрана вклучува и јајца и млечни производи. Веганската или строгата вегетаријанска исхрана го отфрла конзумирањето на сите животински производи, вклучувајќи ги јајцата, млечните производи, пчелиниот восок и медот. Исто така, веганите избегнуваат производи од животинско потекло како што се кожена облека и маст од гуски која се користи како боја за чевли.