Вегетаријанство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Со својот познат слоган „месото е убиство” ([[англиски]] „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните.
 
Здружението на вегетаријанци ([[анг.]]. ''Vegetarian Society''), основано во [[1847]] година во [[Манчестер]], [[Велика Британија]], вели дека зборот ''вегетаријанец'' е изведен од латинскиот збор ''vegetus'' што значи ''жив'' или ''енергичен''. Спротивно на тоа, англискиот речник на Оксфорд (АРО) и други стандардни речници тврдат дека зборот е создаден од терминот ''vegetable'' и суфиксот ''–arian''. Англискиот речник на Оксфорд пишува дека зборот влезе во општа употреба по создавањето на Здружението на вегетаријанци во Рамсгејт во 1847 година, иако тој нуди два примери на употреба од 1839 година и од 1842 година. Објаснувањето од 1839 година сè уште е предмет на дискусија, но Интернационалната историска група на Здружението на вегетаријанци даде 8 други пишани објаснувања уште пред формирањето на Здружението на вегетаријанци во 1847 година.
 
== Историја ==
Ред 37:
Индискиот император Ашока бараше заштита на фауната:
 
,,Дваесет и шест години по моето крунисување, различни животни беа прогласени за заштитени: папагали, птиците маинас (анг. mainas), аруна (анг. aruna), црвеноглавите гуски, диви пајки, нандимукхас (анг. nandimukhas), гелатас (анг. gelatas), лилјаци, кралски мравки, мали водени желки(анг. terrapins), обезкостената риба, ведарејака (анг.vedareyaka), гангапупутака (анг. gangapuputaka), рибата санкија(анг.sankiya), желки, бодливи прасиња, верверички, елени, бикови, окапинда(анг.okapinda), диви магариња, диви гулаби, домашни гулаби и сите суштества на четири нозе кои не се ниту корисни ниту се за јадење. Оние кози, овци и маторици кои имаат млади или давааат млеко на нивните млади се заштитени, а истото се однесува и за младите кои имаат помалку од шест месеци. Петлите не треба да се скопуваат, лушпите под кои се кријат живи суштества не треба да се горат и шумите не треба да се опожаруваат без причина или со цел да ги убијат суштествата. Животните не треба да се хранат едни со други. "- Натписите на Ашока, петти столб
По христијанизацијата на Римската Империја кон крајот на античкиот период, вегетаријанство речиси исчезна од Европа и од другите континенти, освен од Индија. [21] Неколку наредби на монасите во средновековна Европа го ограничија или го забранија конзумирањето на месо од аскетски причини, но никој од нив не го избегнуваше конзумирањето на риба. (Средновековната дефиниција за "риба" вклучуваше животни како што се фоки, морски прасиња, делфини, арктички гуски, морски птици(анг.puffins) и дабари.
Вегетаријанството повторно се појави за време на ренесансата, станувајќи се пораспространето во 19 и 20 век. Првото Здреужение на вегетаријанци беше основано во 1847 година во Обединетото Кралство а потоа следеа и Германија, Холандија и други земји. Во 1908 година е основан Меѓународниот вегетаријански сојуз, кој претставува здружение на национални општества. Популарноста на вегетаријанството порасна во 20 век во западните земји, како резултат на проблеми поврзани со исхраната, етички проблеми, а од неодамна и еколошки и економски проблеми.