Разлика помеѓу преработките на „Димитар Мирчев“

Додадени 4 бајти ,  пред 5 години
нема опис на уредувањето
 
'''Димитар Мирчев''' — македонски универзитетски професор, Професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности, Салцбург, Австрија, во Оделот за општествени науки, право и економија.
 
==Живот==
Роден е во Сливен ,во 1942 г. Основно и средно образование завршил во Скопје а високо во Белград, на Правниот факултет (Управно-политичка насока), во септември 1965. Специјализирал методологија на општествени науки на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, 1969-1971 г. Магистрирал 1971 г. во Скопје, на политички науки, на тема „Изборниот процес во Англо-саксонските земји“. Докторирал во јануари 1977 г., на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, на тема од политички науки, „Критика на граѓанските теории на партиципацијата“. Во 2003-2004 г. бил на пост-докторски претстој на Школата за јавни работи и меѓународни односи на Универзитетот во Питсбург, САД. Поради „либерални девијации“ во [[1974]] година бил казнет со последна партиска опомена пред исклучување од [[СКМ]], а казната му била симната по негово барање во 1982 година<ref name="енциклопедија" />. Извршувал важни функции во политичкиот живот на [[Македонија]]. Во периодот 1991-1993 бил специјален пратеник на Претседателот на РМ во процесот на меѓународното признавање на независноста на [[Македонија]], а до 1999 година бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во [[Словенија]], акредитиран како нерезидентен и во [[Ватикан]]<ref name="енциклопедија">{{наведена енциклопедија|last=Шкариќ|first=Светомир|coauthors=Петрушевска, Татјана|editors=Блаже Ристовски|title=Мирчев, Димитар|encyclopedia=Македонска енциклопедија|publisher=МАНУ|location=Скопје|year=2009|volume=2|pages=961|isbn=978-608-203-024-1 (2)|language=македонски}}</ref>. Бил основач на Младата демократска странка на Македонија (1990); основач на Македонскиот совет на Европското движење на Македонија (1993-); еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија (2000-2002)<ref name="енциклопедија" />.
 
==Научна дејност==