Разлика помеѓу преработките на „Свети Наум Охридски Чудотворец“

ситна поправка
(→‎Биографија: обновување)
(ситна поправка)
 
==Биографија==
Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на [[Св. Кирил и Методиј|светите Кирил и Методиј]]. Со нив, тој учествувал во [[Моравска мисија|Моравската мисија]], а го ширел [[христијанство]]то и во [[Панонија]], [[Девол]], [[Илирик]] и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во [[Прво бугарско царство|Првото бугарско царство]], каде го поминал остатокот од својот живот. Првично тој живеел во престолнината [[Велики Преслав]], каде се приклучил во работата на [[Преславската книжевна школа]]. Подоцна Наум заминал во [[Охрид]], каде му се приклучил на Св. Климент во работата на [[Охридската книжевна школа]].<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
 
Св. Наум бил еден од основачите на [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]], каде работел како учител од [[886]] до [[893]] година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]], во [[893]] година, кога [[Свети Климент Охридски|Климент]] бил назначен од бугарскиот цар [[Борис I]] за [[Словени|словенски]] [[епископ]] во [[Дебарца|Дрембица]] и [[Белград (Албанија)|Велика]], на неговото учителско место во [[Кутмичевица]] бил назначен Св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во [[900]] година се повлекол во [[Манастир|манастирот]] посветен на [[Архангел Михаил|Свети Архангел Михаил]]. Во манастирот, Св. Наум собрал големо монашко братство.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
3.662

уредувања