Свети Наум Охридски Чудотворец: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Откажано уредувањето 3502780 на уредникот MacedonianBoy (разговор)
подобрување на стилот и технички средувања
Ред 25:
|prayer_attrib=
}}
'''Свети Наум Охридски Чудотворец''' (са. [[830]] - [[23 декември]] [[910]]) - [[Среден век|средновековен]] научник, [[писател]], учител, и еден од основоположниците на словенската и [[Македонска книжевност|македонската писменост]] и просвета.
[[Податотека:Св Наум.JPG|мини|лево|Манастирот „Св. Наум Охридски“ на брегот на [[Охридското Езеро]]]]
 
==Биографија==
Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на [[Св. Кирил и Методиј|светите Кирил и Методиј]]. Со нив, тој учествувал во [[Моравска мисија|Моравската мисија]], а го ширел [[христијанство]]то и во [[Панонија]], [[Девол]], [[Илирик]] и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во престолнината на [[Прво бугарско царство|Првото бугарско царство]] - [[Велики Преслав]], а оттука во [[Охрид]], каде му се приклучил на свСв. Климент во работата на [[Охридската книжевна школа]].<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
 
<br />
Св. Наум бил еден од основачите на [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]], каде работел како учител од [[886]] до [[893]] година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]], во [[893]] година, кога [[Свети Климент Охридски|Климент]] бил назначен од бугарскиот цар [[Борис I]] за [[Словени|словенски]] [[епископ]] во [[Дебарца|Дрембица]] и [[Белград (Албанија)|Велика]], на неговото учителско место во [[Кутмичевица]] бил назначен свСв. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во [[900]] година се повлекол во [[Манастир|манастирот]] посветен на св. [[архангелАрхангел Михаил|Свети Архангел Михаил]]. Во манастирот, свСв. Наум собрал големо монашко братство.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
 
<br />
Познато е дека се занимавал со [[Литература|литературна дејност]], но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на [[црковнословенски јазик]], се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во [[Народна медицина|народната медицина]] и толерантно ги водел црковните работи. На Св. Наум Охридски му се припишуваат делата:
* [[Канонот за апостолот Андреј]]; и
* [[Канонот за пренесување на моштите на Јован Златоуст]].
 
<br />
Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на [[23 декември]] [[910]] година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од свСв. Климент во манастирската црква.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
 
==Култот на св. Наум==
Набрзо по смртта, Наум бил канонизиран за светец, поради чудата кои се случувале на неговиот [[гроб]] и во манастирот, а култот за него започнал да се шири во [[Македонија]], како и во [[Бугариjа]], [[Албанија]] и [[Грција]].
 
<br />
Во посланието на [[Архиепископ Охридски Јосиф|охридскиот архиепископ Јосиф]] од [[21 мај]] [[1740]] година се вели дека „чудата и благодетите на Свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“. Сепак, првите легенди и преданија за неговите чуда биле објавени во втората половина на [[19 век|19. век]]. Во [[1925]] година, српскиот епископ во [[Охрид]], владиката Николај, издал книшка со триесет чуда, преданија и кажувања за свСв. Наум, пишувајќи дека „св„Св. Наум е почитуван и живее како опомена и совест во душите на луѓето“. Во една легенда се вели дека охридскиот цар му го изградил манастирот на свСв. Наум, додека во друга легенда, запишана од [[Бранислав Нушиќ]], се вели дека манастирот бил царски дворец кој свСв. Наум го добил како подарок за излекувањето на царската ќерка.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 25.</ref>
 
== Наводи ==
Ред 47 ⟶ 48:
 
== Надворешни врски ==
 
{{МакЛит}}
 
{{Симболи на Македонија}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{DEFAULTSORT:Наум, Охридски}}
 
[[Категорија:Свети Наум Охридски| ]]
[[Категорија:Македонски писатели]]