Микросам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
 
== Историја ==
Претпријатието „[http://www.mikrosam.com/ Микросам]“ е формирано во 1990 г. во [[Прилеп]] , градот под [[Маркови Кули]] - [[Република Македонија]] . Запишан е со Решение во Трговскиот Регистар при [https://www.crm.com.mk/DS/ Централниот Регистар на Р.Македонија] како друштво за електроника, дизајнирање и производство.„Микросам“ е светски конкурентно претпријатие на пазарот кое произведува машини за современи композитни материјали.После отцепувањето на Република Македонија од [[Југославија]] како независна држава, локалната индустрија била растурена и продадена на повеќето приватници кои во тогашното време самостојно се истакнале. Токму „Микросам“ е основано во тоа време, како едно од ретките приватни претпријатија, со цел производство на високотехнолошки производи и спречување на одливот на мозоци од регионот.
 
Микросам започнала со работа со прилично мал број на инженери и универзитетски професори. Таа одлучила да влезе во индустријата на композити првично како консултант. Почнува да работи на консултирање за дизајн изработка на електронски компоненти и дизајнирање на машини за производство.„Микросам“ континуирано инвестирала во големи производствени капацитети во насока на развој на софистицирани, специјализирани машини.