Ланчен мост (Будимпешта): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 43:
Од 1776 година за поврзување на бреговите на Будим и Пешта бил користен [[понтонски мост]] со 46 држачи. Но, пред почетокот на секоја зима, мостот морал да се расклопи, а повторно можел да се изгради на почетокот на пролетта. Тоа било резултат на големите надојдувања на реката Дунав. Така, за време на зимските месеци двата крајбрежни града не биле поврзани, што ја отежнувало трговијата и слободното движење на жителите на двата града.
 
Во 19-отXIX век дошло не само до политичка потреба за спојување на [[Будим]] и [[Пешта]], туку и до урбанистичка. Освен тоа, граѓаните на двата дела од градот ја подржувале идејата за перманентно спојување на двата брега преку реката [[Дунав]] со гламурозен мост, но исто така имало и противници на оваа идеја. Но, сепак унгарските инженери немале некое големо искуство во градење на мостови. Постоеле напори да се изградат и претходно, но поради излевањето на реката Дунав неколку пати, граѓата била уништувана. Освен тоа имало потреба и од висока сума на пари со која би се изградил тој мост. Граѓаните во тоа време немале доволно пари да плаќаат такси па тоа излегло и како дополнителен проблем во оваа идеја.
 
Главен „виновник“ за подготовката на техничките и економските подготовки за изградба на мостот е грофот Иштван Сечењи. Според него во тој период било од голема важност да се изгради еден постојан мост кој ќе ги поврзува Будим и Пешта. На 10 февруари 1832 година, била отворена дебата каде што било одлучено дека ќе се гради мост. Кога станува збор за економскиот план, вмногу помогнал грофот, кој бил еден од побогатите личности во тоа време во градот, но исто така и граѓаните кои требале да плаќаат такси. Во создавањето на мостот голема улога одиграл и најбогатиот човек во Пешта, [[Турција|турски]] освојувач на [[Грци|грчките]] дилери кои се населиле во [[Унгарија]] во тој период, Шамар Анастастиј, како и Џорџ Сина кој бил виенски банкар, а подоцна станал и основач на претпријатието ''Ланчен мост''. Барон Едуард бил амбасадор на Кралот на [[Баварија]], но во тој период работел како заменик претседател. Во 1827 година тој го изработил законот, според кој се предвидувало изградба на мостот.<ref>http://www.irodalmiakademia.hu/dia/diat/muvek/html/FEKETE/fekete00129/fekete00129.html</ref>
 
На почетокот од 19.XIX век, [[железо]]то како градежен материјал се користел само во [[Англија]], додека [[столб]]овите на мостовите во остатокот од [[Европа]] биле од дрво или камен. Според тоа, никој немал храброст од овие материјали да изгради мост на [[Дунав]], чијашто вода во текот на зимата замрзнува, што во тоа време било реалност, бидејќи дрвените столбови над замрзнатата река не можеле да се одржуваат подолго време.
 
Иницијативата за изградбата на мостот ја покренал унгарскиот гроф [[Иштван Сечењи]] во 1832 година, чијашто цел била да ги привлеченајдобрите градители во тоа време, па за изградбата бил ангажиран [[Англичани|англискиот]] инженер [[Вилијам Терни Кларк]], а за надзорник на изградабта бил ангажиран [[Адам Кларк]]. Според нацртот било предвидено мостот да претставува поголема верзија на претходно направениот мост исто од Кларк, преку реката [[Темза]] во [[Марлу]], [[Англија]].