Суецки Канал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 57:
Владите на неколку европски земји покажале интерес за тој проект и решиле да формираат меѓунардона комсија. Комисијата требало да ги проучи сите можности за изградба на каналот. Право за изградба на каналот добил францускиот дипломат и инжинер [[Фердинанд де Лесепс]], кој обезбедил потребни парични средства формирајќи Друштво за изградба на Суецкиот Канал. Работите за копање на каналот започнале на [[25 април]] [[1859]] година, а биле завршени десет години покасно односно на [[15 август]] [[1869]] година. По изградбата на каналот скоро постојано работеле околу 25.000 египетки феласи - селани и повеќе од илјада европски квалификувани работници. Покрај нив имало и голем број инжинери и техничари, воглавно [[Французи]], кои раководеле со овој голем подфат. Кога каналот бил завршен бил прогласен за „меѓународен“ што значело дека низ него можеле да пловат сите бродови.
 
Суетскиот Канал свечено бил отворен на [[17 ноември]] [[1869]] година.Флотата од околу дваесетина бродови кај градот [[Порт Саид]] навлегла во каналот. Бродовите биле предводени од оклопниот крстосувач „Игл“, во кој се наоѓале [[Фернанд де Лесепс]], руската царица Евгенија, и жената на [[Наполеон III]]. На останатите бродови се наоѓале вицекралотнамесникот на Египет, австриската царица, рускиот престолонаследник, и други видни личности од тогашниот европски свет. По седумдневното патување флотата пристигнала до Суец. По повод свеченото отварање на каналот големиот композитор [[Џузепе Верди]] во [[Каиро]] ја извел операта [[Аида]].
 
Во [[1956]] година египеската влада го национализирала Суецкиот Канал. Бродовите и понатаму можеле да пловат низ каналот , но приходите ги земала египетската влада. Од [[12 јуни]] [[1967]] година низ Суецкиот Канал нема поминато ниту еден број. Неколкуте бродови што останале блокирани во Каналот и денес стојат неподвижни. Со разрешување на израелско-арапскиот судир ќе се реши и понатамошната судбина на оваа најважна светска водна артерија.