Максимилијан I (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 63:
Во [[1515]] настапила нова ера во територијалната експанзија на австриските територии на Максимилијан. Така, во Виена по негова иницијатива била организирана средба со унгарскиот крал [[Ласло II]]<ref>{{cite journal|last=Tóth|first=Gábor Mihály|title=Trivulziana Cod. N. 1458: A New Testimony of the "Landus Report"|journal=Verbum Analecta Neolatina|year=2008|volume=X|issue=1|pages=139–158|doi=10.1556/Verb.10.2008.1.9|url=http://btk.ppke.hu/uploads/articles/8520/file/10-1-09.pdf|accessdate=7 December 2013}}</ref> и полскиот крал Сигизмунд, претставници на династијата Јагелони. Тројцата владетели склучиле сојуз преку династички бракови меѓу внуката на Максимилијан, Марија и унгарскиот престолонаследник Лајош II, како и со брак меѓу внукот на Максимилијан Фердинанд и унгарската принцеза Ана Јагелонина. По смртта на Лајош II во [[Мохачка битка (1526)|битката кај Мохач]] во 1526 година Унгарија и Бохемија биле присоединети кон австриските територии на Хабсбурговците.
 
Управувањето на Максимилијан во Австрија претставувал важен период од развојот на австриската држава. Надвојводата спроведел широк спектар на реформи во системот на управување на Австрија. Во [[1493]] тој ја поделил земјата на две области [[Горна Австрија]] (Тирол и Предна Австрија) и [[Долна Австрија]] (Австрија, Стирија, Корушка и Крањска). Во секоја од двете области било организирано самостојно управување составено од намесник на надвојводата и негов совет. Во [[Виена]] била основенаоснована заедничка каса за двата дела на земјата, чие седиште подоцна било префрлено во [[Инсбрук]]. Во [[1498]] година Максимилијан го создал конечниот изглед на високото државно управување: Придворен совет (висок административен и судски орган), Придворна палата (висок финансиски и фискален орган), Придворна канцеларија (орган за подготовка на законски прописи). Како резултат на реформите на Маскимилијан била организирана нов централизиран систем на управување на Австрија, што создало услови за поблиско обединување на територијалните имоти на Хабсбурговците во Австрија во единствената [[Хабсбуршка монархија]]. Цетнтрализаторската политика на Максимилијан I предизвикало отпор од страна на локалните феудалци. Во [[1502]] година во [[Долна Австрија]] локалните аристократи застанале против централизираната политика на надвојводата<ref name=erbe/>. Максимилијан, притиснат од финансиските потреби за војната против [[Османлии]]те и онаа во [[Италија]], бил принуден да направи некои отстапки.
 
== Управување со Германија ==