Кочанска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 27:
 
==Земјоделство, стопанство и економија==
[[File:Кочанскиот ориз.pdf|thumb|мини|десно|Книга за кочанскиот ориз <small>(Стиснете на сликата за да ја отворите и читате во целост)</small>]]
 
Поради извонредно поволните природни услови, најразвиена стопанска гранка во Кочанската Котлина е земјоделството, односно првобитно полјоделството и градинарството, а потоа и сточарството. Најпознатата земјоделска и житна култура кој се одгледува од дамнина, а по која Кочанската Котлина е надалеку позната и прочуена во [[Македонија]] и на [[Балкан]]от е [[ориз]]от. Одгледувањето на ориз е застапено во илјадници хектари најповеќе во средишниот рамничарски дел на котлинското дно, а во функција на оризопроизводството се отворени и работат посебни погони и претпријатија како лупилници за ориз и оризова арпа како што се тие во [[Чешиново]], [[Облешево]], [[Оризари]]. Останати житни култури кои се одгледуваат во голема мерка се пченицата и пченката, како и стрмните жита пред се овес во котлинските рабови во Виничко. Во голема мера поради поволните хидрографски услови и влажност на почвата се одгледува грав, од познатата сорта за овој крај наречена „пешак“, како и спанаќ и други мешункасти растенија како грашок и боранија. Се поголеми размери добива и градинарството, пред се одлгедувањето на познатите „кочански“ домати (патлиџани) кои се се повеќе застапени на пазарите во [[Скопје]]. Покрај домати, се одгледуваат и зелка, пиперки, компир, кромид, морков. Сточарството е најзастапено во северните делови на Кочанската Котлина и во подножјето на [[Осогово]], каде се одгледуваат голем број на стада на овци, а се отворени и приватни млекарници кои го произведуваат познатиот „Осоговски“ овчи и мешан кашкавал (с. [[Соколарци]]). Во рамничарскиот предел се одгледуваат и крупни говеда како крави и волови во помала мера.