Разлика помеѓу преработките на „Ваденско Море“

Додадени 2 бајти ,  пред 3 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
Според стручњаците, Ваденското Море има еден од највидоизменетите брегови во светот како последица на [[човек|човечките]] активности,<ref>C. Michael Hogan. 2011. [http://www.eoearth.org/article/Wadden_Sea?topic=49523 ''Wadden Sea''. eds. P. Saundry & C. Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. Washington DC]</ref> што може да се забележи од системите од бразди и [[насип]]и на копното и ниските крајбрежни острови. Ваденското Море се протега од [[Ден Хелдер]] во [[Холандија]] на југозапад, ги одминува големите речни [[естуар|устија]] на [[Германија]] и завршува кај северната граница на Скалинген, северно од [[Есбјерг]] во [[Данска]]. Овој потег има вкупна должина од 500&nbsp;км и површина од околу 10.000&nbsp;км². Во рамките на Холандија, морето се граничи со езерото [[Ејселмер]] крај насипот Афслејтдејк.
 
Островите во морето се нарекуваат Ваденскоморски Острови или Фризиски Острови, кои го добиле името од месното население - [[Фризи]]те. Меѓутоа, [[западнофризиски јазик|фризискиот јазик]] не се говори во најзападниот дански остров [[Тексел]] веќе со векови. Данските Ваденскоморски Острови никогаш немале фризиско население. Оддалечениот германски остров [[Хелголанд]] етнички е фризиски, но не се наоѓа во Ваденското Море.
 
==Природа==