Салаковски Езера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
'''Салаковски Езера''' претставуваат две глацијални езера на планината [[Јакупица]] во [[Македонија]].
==Местоположба и одлики==
Станува збор за две езера кои се единствените постојани езера на овој масив. Наречени се Салаковски Езера (Големо и Мало Салаковско Езеро), а се наоѓаат во месноста Езериња на североисточните делови од Караџица односно под врвот Убава, висок 2353 метри<ref name="Јакупица">{{цитирана книга|last=Стефанка Хаџи Пецова, Михаило Зиков, Пене Пенев, Душан Манаковиќ, Раде Дренковски, Илија Дроздовски, Вера Коробар, Бисерка Филипова, Стефан Бужаровски, Малинка Ристевска Јорданова|title=Планинскиот масив Јакупица: истражување и вреднување на природното богатство|publisher=Студентски збор|date=1999|page=48}}</ref>. Езерата се сместени на надморска височина од 2178 метри во еден заеднички цирк, кој е формиран за време на плеистоцената глацијација. Имено цирк претставува широка вдлабнатина во форма на амфитеатар, кој настанува со делување на процесот на глацијација односно со делување на глечерските маси, кои движејќи се го продлабочуваат теренот. Во овој случај циркот е настанат со движењето на Салаковскиот глечер. Овој цирк е обиколен со билото Горни Пепељак од северозапад, Убава од југ и Салаковска Планина од исток. Во минатото Салаковскиот цирк бил исполнет со вода од едно глацијално езеро, но бидејќи истеката на ова езеро лежи врз ерозивни моренски мтеријали, таа постепено се всекува и езеро ја губи водата. Денес се останати само најдлаботките делови од тоа некогашно езеро (Големото и Малото Салаковско Езеро). До Салаковските езера може да се дојде од повеќе населени места: [[Црн Врв од север, Алдинци (пл.дом Караџица) од североисток, Тажево и Белица (Порече) од југозапад и Патишка Река од северозапад. За местоположбата, одликите и преданијата за Салаковските Езера кон крајот на XIX век пишувал и македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]], кој во својата книга [[Материјали по изучувањето на Македонија]] запишал дека на скопските планини има две мали, но длабоки езера, коишто се наоѓаат едно до друго на планината [[Црн Врв]]. Со заедничко име ги викаат „езерината“, едното „големо“, а другото „мало“ езеро. Малото зафаќа место колку едно гумно, а големото е два пати поголемо од него. Бреговите и на двете езера се образувани од високи карпи, коишто им придаваат изглед на вдлабнатини. Кога има ветер, бучењето на водата се слуша подалеку, од што може да се претпостави дека стените (на дното) на езерата под водата се, исто така, карпести. Некогаш тие езера биле без истек. Тој исто така, веројатно помешувајќи ја со [[Салаковска Река]], погрешно наведува дека од големото езеро потекува [[Патишка Река]], којашто над Ибраимица се соединува со Сува Река.
 
==Народни преданија и верувања==