Салаковски Езера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
 
Според третото предание и верување, тие езера имаат поврзаност и со реката [[Треска]]<ref name="Ѓорче Петров" />. На дното на реката во таа клисура имало една вдлабнатина во која се забележувал некаков воден вртеж. Веруваат дека таа пропаст е без дно и дека од неа извира една голема вода, којашто незабележано се соединува со водата на реката [[Треска]]. Почетокот на таа вода се наоѓа во езерата<ref name="Ѓорче Петров" />. Среде големото езеро имало силен вртеж кој проголтувал и потопувал сѐ што ќе попаднело во него. Претпоставуваат дека под тој вртеж има една бездна пропаст, којашто води во реката Треска во гореспоменатата пропаст. По тој подземен ходник излегува вода од езерото во споменатиот извор на Треска. Пронаоѓањето и откривањето на таа тајна се припишуваат на еден овчар од тамошните блиски села. Тој бил главен кај некој господар, кому му ги пасел овците на [[Црн Врв]] крај езерата<ref name="Ѓорче Петров" />. Еднаш, како што седел на карпата покрај езерото, кавалот му паднал во водата и се изгубил. Кавалот пропаднал во дното на езерото и по подземниот премин излегол на изворите на Треска<ref name="Ѓорче Петров" />. Жената на овчарот која случајно излегла на реката да пере алишта го пронашла и го закачила вкуќи со другите работи на мажот ѝ. Овчарите кои пасат стада во планините имаат обичај еднаш во месецот да отидат дома на преслекување. Кога споменатиот овчар, по некое време отишол дома на преслекување, го нашол кавалот дома, закачен на ѕидот<ref name="Ѓорче Петров" />. По објаснувањата на жена му се разбрала работата - тие ја дознале тајната за поврзаноста меѓу езерото и изворот крај реката Треска. Како и првиот овчар и последниот се користел од тој случај, но најпосле и него го стигнала судбината на првиот<ref name="Ѓорче Петров" />.
 
Во записите на Ѓорче Петров се сретнува и уште едно предание кое повеќе се однесува на блиската месност и превој [[Бразда (Салаково)|Бразда]] и во кое се вели дека кога [[Крали Марко]] посакал вода за својот манастир кој се наоѓа во подножјето на [[Црн Врв]], ја пробил од едната страна карпата којашто го заградува големото езеро и пуштил од него вода од којашто се создала [[Маркова Река]]<ref name="Ѓорче Петров" />.
 
==Галерија==